Новости
Jавна дискусија за предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите
Дата: 21.01.2026
На 21.01.2026 година беше организирана јавна дискусија во врска со предлог Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите со претставници на централните институции и граѓанскиот сектор.
Јавната дискусија започна со поздравни обраќања од страна на Министерот за јавна администрација Горан Минчев, генералниот секретар на Владата Горан Јанушев и Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска.
Раководителката на секторот за реформа на јавна администрација при Министерството за јавна администрација Есма Адиловиќ Фазлиќ, го презентираше концептот на законот и идејата позади законските решенија да се гарантира професионалноста и зајакне отчетноста и одговорноста на носителите на високи раководни позиции. Меѓу другото, како клучни новини во законот беа истакнати следните:
- Построго уредување на институт вршител на должност (в.д.).
- Воспоставување на јасни критериуми, кои ќе обезбедат професионалност и стручност.
- Воспоставување на конкурентна постапка за избор.
- Ограничување на дискрецијата при изборот преку задолжително детално образложение на одлуката за избор, што воедно ја зајакнува правната сигурност и ефективноста на правниот лек на незадоволните неизбрани кандидати.
Предлог законот е достапен на следниот линк: https://ener.gov.mk/Default.aspx?
Потоа, на панел дискусија експерти од областа имаа можност да споделат свои ставови и мислења во врска со предлог-законот, а со цел негово подобрување. Панел дискусијата беше модерирана од страна на Искра Белчева Ристовска, програмска координаторка на ЦУП, а панелисти беа:
- Димитар Димовски, секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на претседателот на Владата.
- Борче Давитковски, универзитетски професор по администартивно право.
- Катерина Марковиќ Јанковска, директорка на Државен управен инспекторат.
- Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на ЦУП.
Свое обраќање имаа и претставници на SIGMА-OECD, кои дадоа свои видувања на предлог-законот и каде може истиот да биде подобрен.
Присутните имаа можност да електронски да достават прашања или пак директно на настанот, а потоа членови на работната група за изработка на Законот ги одговараа овие прашања.
Настанот беше организиран во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој е имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Владата на Република Северна Македонија и Министерството за јавна администрација, а со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.
Најнови новости
Обука за асистентите на пратениците во македонското Собрание
Дата: 14.12.2025
Работан средба со министерството за јавна администрација
Дата: 11.12.2025



























