Зајакнување на Собранието со поддршка на Швајцарија!
Проектот во висина од 11 милиони швајцарски франци ќе се спроведува од јули 2018 година до 31 декември 2029 година, со поддршка на Швајцарија, а ќе го спроведува Националниот демократски институт (НДИ).
Собранието ќе добие поддршка во напорите за независност преку градење консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчет.
Тимот за спроведување на Програмата за поддршка на Парламентот, предводен од Роберт Скот Хејслет го вклучува НДИ, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија (Societas Civilis, Скопје), со институционално партнерство од Федералното собрание на Швајцарија, Европскиот парламент, естонскиот Ригикогу, германскиот Бундестаг и невладината организација со седиште во Летонија, ManaBalss.lv.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024