Во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, спроведена од NDI North Macedonia, Центарот за управување со промени и институтот за демократија Социетас Цивилис а поддржана од Швајцарската Амбасада во Скопје, беше организирана обука за јавни набавки а претставник од Центарот за управување со промени на овој настан беше финансиската координаторка Весна Глигорова.
Обуката беше фасилитирана од професионалци од ИТ сферата и Бирото за јавни набавки (БЈН) на РСМ.
На обуката учествуваа собраниските службеници и се обработуваа прашањата за разликите помеѓу е-пазарот и огласите за јавна набавка, како и предностите на дигиталната економија. Учесниците детално се запознаа со придобивките од купувањето преку е-пазарот и неговите основните концепти и функционалности. Членовите на собраниската служба стекнаа знаење за начинот на користење на е-пазарот, а во пракса беше прикажано како преку е-пазарот може да се спроведе набавка од мала вредност.
Клучните согласувања на настанот се движат во насока на тоа дека со воведувањето на електронскиот систем на јавни набавки од мала вредност се намалува времето на спроведување на постапката, лесно и едноставно администрирање, целосно автоматизирање на процесите, достапност на каталог на услуги. Што значи, се намалува административниот товар на институциите и се зајакнува нивната ефикасност.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024