Новости
Обука за проценка на влијанието на регулативата, родовата еднаквост и социјалната инклузија
Дата: 26.12.2025
Во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, Центарот за управување со проемни (ЦУП) организираше дводневна обука за претставниците од централните институции на јавниот сектор за вклучување на социјалната инклузија и родовата перспектива при спроведување на проценките за влијание на рагулатива (ПВР).
Обуката ги опфати следните теми:
- Основни карактеристики на процесот на спроведување на ПВР,
- Утврдување на цели, собирање и анализа на податоци,
- Идентификување на опции за решавање на проблемите,
- Идентификување на проценката на влијанијата.
Целта на оваа обука е ученисците да стекнат практични знаења и вештини за тоа како се спроведува ПВР, од планирање и дефинирање на проблемот и целите, преку развивање опции и проценка на влијанија, до подготовка на Извештај за ПВР, со посебен фокус на анализата на родовата еднаквост и социјалната инклузија.
Проектот „Преосмислување на управувањето“ е поддржан од Владата на Обединетото Кралство и спорведен од Центарот за управување со проемни (ЦУП).
Најнови новости
Обука за асистентите на пратениците во македонското Собрание
Дата: 14.12.2025
Работан средба со министерството за јавна администрација
Дата: 11.12.2025







