Обуката беше насочена кон развивање на свеста за можноста за засилено влијание на граѓанските организации (ГО) во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување на одлуки, притоа применувајќи ја алатката за „Проценка на влијание на регулативата (ПВР)“, воспоставена во администрацијата на Република Македонија. На обуката се говореше за важноста на процесите и нивна примена при носењето на закони и оценката на придобивките и влијанието од тие закони врз граѓаните.
Понатаму, се говореше и за важноста на ПВР за подобро законодавство, вклучително и меѓународните практики на реформа на регулативата, вклучувајќи и примери од други држави, посебно пристапот на ЕУ и насоките на ОЕЦД. Во фокусот на дискусијата беа и разликите помеѓу процесот на проценка на влијанието на регулативата и постоечките процедури во РМ за креирање на политиките, но и за важноста на граѓанските организации и нивно поактивно учество во подготовка, следење и оценка на регулативите преку единствениот електронскиот регистер на прописи ЕНЕР (www.ener.gov.mk)..
За време на обуката учесниците практично ги опфатија сите фази од ПВР и тоа: дефинирање на проблемот, поставување на цели, идентификување и анализа на широк опсег на опции, како и можните економски, социјални, родови и други влијанија врз разни групи на граѓани. Беше посочена важноста од собирање на податоци како основа на секоја веродостојна анализа и консултациите со релевантните учесници во процесот кој треба да обезбедат посветеност во имплементација на регулативите.
Обуката ја водеа Неда Малеска Сачмароска и Наталија Шикова од Центарот за управување со промени.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024