Во рамки на проектот „Подобрување на организациската структура на Патронажната служба“, проект поддржан од страна на УНИЦЕФ и спроведен од страна на Центарот за управување со промени се одржа Работна средба за спроведување на функционална анализа во Патронажната служба.
На оваа работна средба беа присутни претставнички на општинските единици кои функционираат во рамки на Здравствен дом Скопје како и Здравствен дом Железничар во делот на поливалетна патронажна дејност. Овој настан се организира со цел увидување на организациските и работните капацитети и функционалноста на патронажната дејност на територија на град Скопје во насока на изработка на Функционалната анализа.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024