Новости
Работилница со МТСП која има за цел подобрување на процесот на стратешко планирање на Министерството
Дата: 06.06.2019
Денес, 06.06.2019 година, организираме работилница со Министерство за труд и социјална политика која има за цел подобрување на процесот на стратешко планирање на Министерството, во соработка со институциите од секторот на труд и социјална политика.
Оваа работилница е прва во серијата од вкупно три работилници со кои ќе се фасцилитира процесот на изработка на стратешки план на Министерството за труд и социјална политика, фокусирајќи се на меѓу-институционалната соработка и изработка на хоризонтални програми со дефинирање на линиите на отчетност во институциите од секторот.
Работилницата ја отворија министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска.
Работилницата се организира во рамки на проектот „Носење промени – добро управување и ефективност на јавната администрација“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.
Најнови новости
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026
Mожно ли е владеење на правото со комерцијален службен весник?
Дата: 10.02.2026







