Workshop with MLSP with a goal of improving the strategic planning process in the Ministry | CCM
Share

Workshop with MLSP with a goal of improving the strategic planning process in the Ministry

Date: 06.06.2019

Денес, 06.06.2019 година, организираме работилница со Министерство за труд и социјална политика која има за цел подобрување на процесот на стратешко планирање на Министерството, во соработка со институциите од секторот на труд и социјална политика.

Оваа работилница е прва во серијата од вкупно три работилници со кои ќе се фасцилитира процесот на изработка на стратешки план на Министерството за труд и социјална политика, фокусирајќи се на меѓу-институционалната соработка и изработка на хоризонтални програми со дефинирање на линиите на отчетност во институциите од секторот.

Работилницата ја отворија министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска.

Работилницата се организира во рамки на проектот „Носење промени – добро управување и ефективност на јавната администрација“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.

Str.Mitropolit Teodosij Gologanov no.34a,
1000 Skopje, North Macedonia

Tel: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk