Промоција на либерални политики за канабис во РС Македонија | ЦУП
Сподели

Промоција на либерални политики за канабис во РС Македонија

Подносител на иницијативата: , НВО Канабис Институт Пелагонија, Прилеп

Опис на проблемот

Започнувајќи од февруари 2016 година, Македонија се наоѓа во една мала група на прогресивни земји кои прифатија полиберален однос кон растението канабис (или попознато како марихуана) и производите од истото. Со измените на Законот за контрола на опојни дриги и психотропни супстанци, се дозволи одгледување, преработка и промет на производи од канабис. Оваа измена имаше за цел да помогне во третирањето на неколку видови на дијагнози, т.е во олеснувањето на животите на луѓето кои боледуваат од рак, епилепсија и други болести. Погоре споменатиот закон е добра појдовна основа за понатамошна либерализација на канабисот, односно начинот на неговото производство, преработка и продажба, но таа состојба е далеку од идеална. Истиот дозволува постоење на 2 вида на економски оператори, и тоа: прозведувачи и преработувачи. Но во секој случај, за да бидете дел од едните или другите оператори, потребни се големи финансиски средства. Оваа ситуација значи дека влезот на пазарот на канабис не е дозволен за секого, т.е. им е дозволен само на големи играчи и со самото тоа се прави една голема дискриминација кон обичниот македонски граѓанин. Денес во РС Македонија, регистрирани се околу 59 правни субјекти за одгледување и преработка на канабис, но сите тие компании се лимитирани во процесот на продажба на нивните производи, поради недостаток на подзаконски акти. Од друга страна, бројот на дијагнози, за кои е дозволено третирање со канабис е лимитиран на само 4 групи на болести, додека искуствата во светот покажуваат дека канабисот може да се користи за третман на повеќе од 100 различни дијагнози. Согласно светските и домашните анализи, во секоја земја, вклучително и во Македонија, бројот на конзументи изнесува околу 7%, или во нашиот случај тоа е околу 100.000 граѓани. Ова е голема интересна неформална група која може да биде голем полнач на државниот буџет.

Предлог - решение

Решението на овој проблем би оделово следната насока: - формирање на национална коалиција за промоција на интеграцијата на канабисот во македонското општество (составена од: НВО, образовни институции, медицински институции и приватен сектор) - припрема и стартување на проект за промоција на канабисот (12-18 месеци, со буџет од 250.000 евра, минимум 6 вработени лица), кој би вклучил: - изработка на национална стратегија за канабис - изработка на нов lex specialis, за канабис - формирање на техничка работна група, составена од претставници од засегнати ресорни министерства - анализа и дефинирање на широка листа на дијагнози, за кои што може да се користи канабис - изработка на нови дополнителни наставни курикулуми на факултетите за: земјоделие, фармација и медицина, за нови соодветни работни профили и - припрема и реализација на промотивна кампања за придобивките од канабисот во македонското општество.

Сподели:




За акција

Други иницијативи

Алатката за поднесување и поддржување иницијативи е финансирана од Европската Унија и програмата „Цивика Мобилитас“.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk