Целосна дигитализација на конкурсите за студентски домови | ЦУП
Сподели

Целосна дигитализација на конкурсите за студентски домови

Опис на проблемот

Аплицирањето на конкурс за студентски домови е комплексен процес за студентите. Покрај пополнувањето на апликација, апликантите – студенти треба да поднесат поголема документација, како што е: молба, потврда за редовност во текот на студиите, уверение за предвидени и положени испити од претходни години, заверен образец „УППИ“, копија од диплома од завршено средно образование, изјава за семејна положба, изјава од родител, потврда за остварена плата на вработените членови на семејството. Според тоа, покрај тоа што студентите треба да ја пополнат апликацијата за испраќање до Министерството за образование и наука, тие треба да добијат документација и од факултетот, од Управата за јавни приходи, и да подготват документација за членови на своето семејство. Комплетирањето на документацијата е предизвик: на пример документите на факултетот ги потпишува само продеканот за настава, но имајќи предвид дека конкурсите почнуваат од 15 јули, често се на годишен одмор овој период и се пролонгира добивањето на потврдите од факултетот. Услугата е достапна електронски преку порталот konkursi.mon.gov.mk, каде апликантите може да пополнат електронска пријава, но мора да ја прикачат документацијата (скенирана), што впрочем значи дигитализација само на последниот чекор.

Предлог - решение

Потребно е првично да се анализира релевантната правна рамка со која се предвидува потребната документација во конкурсите за студентски домови со цел да се намали обврската само за реално потребната документација во постапката. Министерството за образование и наука треба да овозможи електронска размена на податоци и документи со институциите кои ги издаваат потребните документи, за да не се бара од студентите да ја обезбедат документација.

Сподели:

Графикон за иницијативата

Дали преферирате физичка или електронска услуга за конкурси за студентски домови?





За акција

Други иницијативи

Алатката за поднесување и поддржување иницијативи е финансирана од Европската Унија и програмата „Цивика Мобилитас“.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk