Бесплатен пристап до Службен весник | ЦУП https://cup.org.mk/publication/public-policy-document-is-the-rule-of-law-possible-with-a-commercial-official-gazette
Подетално за финансиските импликации од оваа состојба и потенцијалното отворање на Службен весник, може да ја прочитате анализата „Финансиски импликации од отворање на Службен весник“ - https://cup.org.mk/publication/public-policy-document-financial-implications-of-opening-the-official-gazette

" />
Сподели

Бесплатен пристап до Службен весник

Подносител на иницијативата: , Центар за управување со промени (ЦУП)

Опис на проблемот

Според Уставот, законите и другите прописи пред да влезат во сила се објавуваат во „Службен весник“. Тие влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.
Целта на објавувањето е граѓаните да се запознаат со содржината на законите и другите прописи кои ги уредуваат нивните права и обврски и следствено да го прилагодат своето поведение.

Но, за пристап до Службен весник граѓаните потребно е да платат претплата во износ од:
- 7.000 денари (годишно) за електронските изданија.
- 1.650 денари(месечно) или 16.650 денари (годишно) за печатените изданија.
Оваа претплата го попречува пристапот на граѓаните до законите и другите прописи, што е нивно уставно право и со тоа го оневозможува владеењето на правото.

Подетално за проблемот може да ја прочитате анализата „Дали можно владеењето на правото со комерацијален службен весник“ - https://cup.org.mk/publication/public-policy-document-is-the-rule-of-law-possible-with-a-commercial-official-gazette
Подетално за финансиските импликации од оваа состојба и потенцијалното отворање на Службен весник, може да ја прочитате анализата „Финансиски импликации од отворање на Службен весник“ - https://cup.org.mk/publication/public-policy-document-financial-implications-of-opening-the-official-gazette

Предлог - решение

Овозможување на бесплатен пристап до електронските изданија на „Службен весник“.
Поточно, измена на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник“, со цел:
- Да се укине задолжителното печатено издание на Службен весник и печатени изданија да се издаваат само по претходно барање на странка.
- Пристапот до електронските изданија на Службен весник да биде бесплатен за сите граѓани.

Сподели:




За акција

Други иницијативи