Општо прифаќање и популаризирање на електронските услуги за граѓаните | ЦУП
Сподели

Општо прифаќање и популаризирање на електронските услуги за граѓаните

Опис на проблемот

Иако од страна на јавните институции има тенденција на дигитализација на услугите, тие се уште не се општо прифатени и не се користат масовно. Повеќе помали проблеми се причина за овој генерален проблем:

  1. Граѓаните често не знаат дека некоја услуга воопшто можат да ја добијат електронски.
  2. За добивање електронски услуги често се бара електронски сертификат, кој за обичните граѓани е скап и недостапен.
  3. Институциите не ги третираат електронските документи како еднакви на печатените. Често некои институции не ги прифаќаат ваквите документи бидејќи не знаат да го прочитаа QR кодот или не ги прифаќаат електонските уплати ако не се потврдени со печатена уплатница.
  4. Граѓаните кои не се регистрирани на порталот uslugi.gov.mk преку профил на УЈП, не добиваат поддршка од институциите за да направат профил преку кој ќе можат да добиваат електронски услуги.

Предлог - решение

Потребно е да се популаризираат електронските услуги и придобивките за граѓаните од нивно користење. За услугите за кои е неопходно користење на електронски сертификат, државата треба да најде начин за субвенционирање на истите. Неопходна е едукација на вработените во институциите за прифаќање и користење на електронските документи, како и размена на податоци по електронски пат меѓу службениците. Задолжително и итно да се организираат служби за помош на граѓаните за креирање профили на Националниот портал за услуги и помош за користење електронски услуги.

Сподели:

Графикон за иницијативата

Дали знаете дека голем број информации и услуги можете да добиете преку порталот uslugi.gov.mk и дали сте го користеле?





За акција

Други иницијативи

Алатката за поднесување и поддржување иницијативи е финансирана од Европската Унија и програмата „Цивика Мобилитас“.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk