Во Гостивар промовиран проектот за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Дата: 25.07.2018

Во Гостивар беше промовиран проектот за развој на микро-претпријатија за жени во прекуграничната област и се дискутираше за можностите и потенцијалите за развој на микро-претпријатија во Полошкиот регион. На промоцијата се презентираа активности кои ќе се реализираат во склоп на овој проект, со кој се нуди техничка поддршка и разновидни бизнис советодавни услуги во процесот на основање и развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област на Полог и Елбасан.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk