Работилницата за Методологија за стратешко планирање е дел од активностите кои имаат за цел да ги зајакнат документите кои ги уредуваат процесите на стартешко планирање.
Заедно со претставници од централните институции во текот на вчерашниот ден ги разгледувавме добрите пракси на државите од регионот и како позитивните примери може да ги примениме во нашиот национален систем за стратешко планирање.
Овој период заедно со претставници на институциите интензивно работиме на подобрување на документите кои го уредуваат системот на управување со јавните политики во нашата држава, како шо е стратешкото планирање, моделите на следење на јавните политики, координацијата на институциите.
Настанот е организиран во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку British Embassy Skopje и е спроведен од Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management во соработка со Влада на Република Северна Македонија
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024