Јавна дебата за обезбедување услуги во единиците на локалната самоуправа во североисточниот регион | ЦУП
Сподели

Јавна дебата за обезбедување услуги во единиците на локалната самоуправа во североисточниот регион

Дата: 29.10.2018

Во Куманово се одржа јавна дебата за обезбедување услуги од единиците на локалната самоуправа. На јавната дебата беа презентирани истражувањата на Центарот за управување со промени како резултат на следењето на единиците на локалната самоуправа. Фокус на настанот беа резултатите од следењето на локалните самоуправи во делот на јавни услуги во југоисточниот регион, кое беше спроведено од страна на граѓанските организации Линда Куманово и Џеф Македонија.

На јавната дебата земаа учество претставници на единиците на локалната самоуправа во североисточниот регион, заедно со претставници на локални граѓански организации.

Заклучоци од дискусијата се:

  • Подобро администрирање на статистиките на реализирани услуги и е-услуги
  • Стандардизација на процедурата при собирање на податоци од страна на лицето за информации од јавен карактер од различните сектори во општините
  • Објавување на информации за назначеното лице за информации од јавен карактер на веб-страниците на општините
  • Воведување на стандарди за управување со квалитет, односно ИСО 9001 и CAF Заедничка рамка за проценка.
  • Користење на веб-страниците за детално информирање на граѓаните, бизнис заедницата, граѓански организации и др.

Јавната дебата се организираше во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, а кој го спроведуваат Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk