Зедно до силна локална и регионална економија

Дата: 26.06.2019

„Градење заедничка иднина – Creating a common future“ е слоганот на претстојниот пограничен целодневен настан, што на 10 јули ќе се случува во Охрид, во организација на девет проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации (меѓу кои е и Центарот за управување со промени), корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансирана од страна на Европската Унија. Вкупна вредност на проектите финансирани од Европската Унија е околу 3 милиони евра. Ова случување планирано е да обедини над 150 учесници од најразлични профили професионалци од сферата на туризмот, претставници на невладиниот сектор, локалната самоуправа, бизнис секторот, (активни во туризмот, агротуризмот и угостителството и стопанските комори), како и од медиумите.


Главен фокус на ова случување е идентификување на можностите за развој на туризмот, унапредување на соработката во прекуграничната област меѓу Република Северна Македонија и Албанија, како и промовирање на резултатите на проектите кои се дел од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.

Предвидена е регионална конференција со наслов „Развој на туризмот во прекуграничната област“, на кои заеднички предзнак ќе им биде прекуграничната соработка во поттикот на локалната и регионална економија, развојот на одржлив туризам, важноста на иновациите во обезбедувањето регенериран и поквалитетен еко систем, можности за нови вработувања.


Присутните на 10 јули ќе имаат можност да бидат дел и од атрактивен Саем кој ќе има за цел да ја илустрира синергијата на досегашната регионална соработка, (во рамки на 9-те проекти, дел од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија), но, и да сведочат на отворањето на спасувачкиот центар на Црвен Крст во Охрид – прв во регионот од таков вид.

На самиот старт предвидени се обраќања на високи претставници на двете земји.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk