ЦУП се вклучи во борбата против Ковид 19 | ЦУП
Сподели

ЦУП се вклучи во борбата против Ковид 19

Дата: 26.04.2020

Центарот за управување со промени преку проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област” се вклучи во борбата против новиот вирус КОВИД 19 и ублажување на последиците од него.

Со цел да се помогне на загрозените групи на граѓани и здравствените работници во двата региони, но и зајакнување на капацитетите за производство и продажба на жените претприемачки кои се дел од проектот, ЦУП и партнерите кои го имплементираат овој проект алоцираа средства за изработка на 9.600 заштитни маски за лице, 1.250 3Д визири и 1.100 антибактериски сапуни. Сите производи кои ќе бидат изработени од фирмите кои се дел од оваа акција ќе бидат донирани во здравствените установи, полицијата и ризичните групи на граѓани.

Со оваа акција даваме голем придонес како во заштита на граѓаните и спречување на вирусот, така и финансиска поддршка на фирмите кои се вклучени во акцијата. Директно влијаеме на нивната ликвидност во овој период кога се забележува значителен пад на деловниот сектор.

ЦУП секогаш настојува промените во општеството да ги претвори во позитивни резултати, така и во време кога се соочуваме со голем предизвик ќе одговориме со наша поддршка. ЦУП и во иднина ќе ги мобилизира расположливите ресурси и ќе преземе чекори за помош на најранливите категории во услови на оваа непогода, затоа што секој мал придонес е од големо значење за заедницата.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk