Обука за сигма стандардите за јавна администрација за граѓанските организации во полошкиот регион

Дата: 01.09.2017

Во рамки на проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на доброто управување”, финансиран од ЕУ, Центарот за управување со промени, Агенцијата за менаџмент консталтинг МКА 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП, на 5-ти и 6-ти Септември ќе спроведат обука за СИГМА стандардите за јавната администрација. Обуката е наменета за  претставници на граѓанските организации од Полошкиот регион.

Настанот ќе се одржи во хотел Скардус- на Попова Шапка.

Првиот ден (Вторник, 5-ти Септември) обуката ќе се однесува на - Начелата на јавната администрација, додека вториот ден (Среда, 6-ти Септември) обуката ќе биде за - Односи со јавноста, како инструмент за подобрување на комуникацијата и соработката меѓу невладиниот сектор, општината и граѓаните.

Дводневниот настан е прв од серијата обуки кои ќе се одржат во наредниот период, кој предвидува обука на претставници од граѓански организации од седум региони во Македонија.

Следната обука ќе се реализира од 11-12 Септември за граѓански организации од Североисточниот регион на Македонија.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk