Проекти
Носење промена - Добро управување и ефективност на јавната администрација
Проектот таргетира 4 сектори за подобрување на начинот на кој се управување со администрација. Има за цел да пилотира модел на селекција и управување со резултати на врвното раководство во администрација, и воспоставување на критериуми и стандарди за перформанси за избраните и именуваните лица. Проектот има исто така за цел да воспостави јасни линии на отчетност во 4 сектори, преку дефинирање на структури за развој и имплементација на секторски стратешки цлеи. Проектот ќе развие капацитети во 4 сектори за подобра имплементација на стратешките цели во институциите од секторите. Конечно, испораката на јавни услуги ќе биде подобрено врз основа на информации добиени од граѓаните во каталогот на јавни услуги и врз основа на препораките кои се достапни за потребните правни, институционални и технички подобрувања.
Период 01.08.2018 - 31.03.2020
Донатор: Британска амбасада Скопје
Краен корисник на проектот: МИОА, МТСП, МОН и СЕП
Главна цел:
Преку проектот се дава поддршка во воспоставување структури и процеси за професионална јавна администрација преку обучено и компетентно врвно раководство, воспоставени клучни индикатори за успешност и процедури за секторска отчетност, подобрено управување со човечки ресурси и подобрени јавни услуги.
Очекувани резултати:
- Резултат 1: Воспоставен модел на управување со врвно раководство врз основа на заслуги
- Резултат 2: Воспоставени структури и процеси за отчетност во 4 секори
- Резултат 3: Подобрено управување со човечки ресурси во 4 институции
- Резултат 4: Подобрена испорака на јавни услуги
Проектот е финансиран од Британската амбасада Скопје









