Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање | ЦУП
Сподели

Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање

Со враќањето на јавната администрација во физичките канцеларии за време на кризата, итно треба да се изготват протоколи кои ја осигуруваат безбедноста на вработените, организацијата на работата и продолжување на далечинското извршување на одредени работни процеси. Согласно новонастанатата ситуација, ќе се даде поддршка на понатамошната дигитализација во јавниот сектор, преку измена на релевантната законска рамка кои подобро ја подготвуваат администрацијата во случај на периодични пандемии или идни кризи. Ќе бидат изработени нови процедури за дигитална работа за избрани централни институции и ќе се спроведе анализа на потребите на овие институции за да се обезбеди непречена транзиција кон дигитална работа со список на приоритети и временски рамки за овозможување на дигиталните процеси. За институциите ќе биде утврден моделот на дигитално споделување на документи и датотеки кои произлегуваат од нивната работа, а тој модел ќе биде потоа мултиплициран во други централни институции.

Во рамките на проектот ќе бидат развиени неколку важни електронски услуги кои често се користат во животниот век на граѓанинот, како што се електронски упис во детска градинка, упис во основно училиште, конкурси за стипендии на ученици и студенти и нострификација на странски дипломи. Развојот на електронски услуги ќе придонесе за обезбедување поквалитетни и поедноставни услуги за граѓаните, како и намалување на физичките контакти со администрацијата во текот на кризата.

Период 01.09.2020 - 30.04.2021

Донатор: Влада на Обединето Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Краен корисник на проектот: Избрани централни институции, граѓани

Главна цел:

Да се даде поддршка во воспоставувањето на протоколи за дигитален пристап и чување на документи во јавниот секор и да се развијат нови електронски дигитални услуги, кои ќе се користат како модел за понатамошна дигитализација на јавни услуги.

Очекувани резултати:

  • Воспоставени процедури за далечинско работење базирано на дигитализација
  • Нов механизам за непречено функционирање преку дигитално работење
  • Идентификувани услуги за итна дигитализација и израотени протоколи за нивна дигитализација
  • Испорака на пилот електронски административни услуги

Проектот е финансиран од Владата на Обединето Кралство, преку Британската амбасада Скопје



Видео

Презентација на новата електронска услуга за регистрација на проекти/ донации во СЕП

Презентација на електронскиот начин на регистрација на проектот во Секретаријатот за европски прашања и нагласување на придобивките од воведувањето на електронската услуга.
Услугата е развиена во рамките на проектот „Дигитализација јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, и спроведен од Центарот за управување со промени, во соработка со Секретаријатот за европски прашања.

Конференција: „Дигитализација на услуги во областа на образованието“

На конференцијата беа презентирани изработените електронски услуги на Министерството за образование и наука беше отворена дискусија за придобивките од дигиталната трансформација во јавниот сектор. 

Услугите се изработени во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

На конференцијата се обратија министерката за образование и наука Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, заменик амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Доминик Отвеј, програмскиот координатор во Центарот за управување со промени Мартин Тодевски, вишиот советник за политики во СИГМА Каидо Пабуск и професорот на ФИНКИ Боро Јакимовски. Настанот го модерираше извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk