Процесот резултираше со усвојување на ПВР методологија, шаблони и промени во владините процедури, анализа на процесот три години подоцна и поедноставување на процедурите. Процесот беше спроведен заедно со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија Сектор за економски политики и регулаторна реформа и со Министерството за информатичко општество и администрација.
Период 01.03.2012 - 30.06.2013
Донатор: Британска амбасада преку ДИВ (Дипломатски влијанија и вредности)
Краен корисник на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација
Главна цел:
Зајакнување на владините структури и процедури кои го обезбедуваат спроведувањето на реформите во регулаторниот процес
Очекувани резултати:
Развиени структури и процедури за потенцијалните влијанија од новите регулативи (ПВР) во рамките на јавната администрација
Развиени наставни програми за проценка на потенцијалните влијанија од новите регулативи за центарот за обука на јавната администрација
Спроведена обука за обучувачи за ПВР
Проектот е поддржан од Британската амбасада