Проекти
Подобрување на регулаторниот процес во Македонија
Процесот резултираше со усвојување на ПВР методологија, шаблони и промени во владините процедури, анализа на процесот три години подоцна и поедноставување на процедурите. Процесот беше спроведен заедно со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија Сектор за економски политики и регулаторна реформа и со Министерството за информатичко општество и администрација.
Период 01.03.2012 - 30.06.2013
Донатор: Британска амбасада преку ДИВ (Дипломатски влијанија и вредности)
Краен корисник на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација
Главна цел:
Зајакнување на владините структури и процедури кои го обезбедуваат спроведувањето на реформите во регулаторниот процес
Очекувани резултати:
Развиени структури и процедури за потенцијалните влијанија од новите регулативи (ПВР) во рамките на јавната администрација
- Осниван кор тим од ПВР експерти во МИОА и во рамките на законодавните единици во сите министерства;
- Предложена ажурирана законска рамка која ќе ја формализира ПВР и ќе воспостави најдобри практики и процедури во имплементацијата на ПВР;
- Објавени шаблони за процесот на консултации на сите владини веб-сајтови.
Развиени наставни програми за проценка на потенцијалните влијанија од новите регулативи за центарот за обука на јавната администрација
- Развиен општ модел на обука за ПВР, во рамките на подготовката на регулаторниот процес.
Спроведена обука за обучувачи за ПВР
- Спроведена обука на 20 обучувачи кои ќе обезбедат спроведувањето на понатамошната обука во ПВР да стане одржлив елемент за тренинг центарот на јавната администрација;
- Спроведена ПВР обука за 50 ПВР фокусни точки од државните институции.
Проектот е поддржан од Британската амбасада





