Како одговор на политичката и институционална криза во Република Македонија, опишана во извештајот на Европската Унија за 2016, проектот “Поддршка на реформата на јавната администрација” се стреми да ги зајакне принципите на добро владеење во јавната администрација. Проектот се стреми да придонесе кон враќање на довербата во институциите преку зајакнување на транспарентноста и отчетноста на институциите и воведување на систем за отворени податоци; подобрување на процесите на стратешко планирање и следење на политиките на Владата, а со тоа унапредување на ефективноста и ефикасноста на политиките; засилување на принципите на управување со човечкиот капитал во администрацијата врз принципите на заслуги и обезбедување на инклузивност и предвидливост на легислативата.
Период 01.10.2017 - 30.06.2018
Донатор: Британска амбасада Скопје
Краен корисник на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација.
Главна цел:
Поддршка на реформскиот процес во клучните државни институции, во рамките на стратегијата за реформа на јавната администрација и според принципите на доброто владеење.
Очекувани резултати:
Проектот е поддржан од Британска амбасада Скопје
Извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска - Сачмароска, учествуваше на јавната дискусија за агендата за транспарентност на владата на Република Македонија.
Истовремено, ЦУП активно учествува во процесот на унапредување на транспарентното и отчетно владеење преку проектот "Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација", во рамките на кој се подготвува и Националната стратегија за отворени податоци.
Прилог на Телевизија Телма за концептот на отворени податоци, кој е дел од проектот "Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација", кој Центарот за управување со промени го спроведува со Министерството за информатичко општество и администрација.
Покрај извршнио директор на ЦУП, Неда Малеска-Сачмароска, придобивките од отворените податоци ги објаснува и британскиот експерт, Ендрју Стот.