Работна програма: Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието | ЦУП
Сподели

Работна програма: Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието

Испораката на услуги на граѓаните е суштината на работата на повеќето владини институции. Обврските како плаќање данок, обновување на возачките дозволи, запишувањето во училиштата и аплицирањето за бенефиции, се дел од интеракциите што граѓаните ги имаат со Владата. Подобрувањето на пристапноста на јавните услуги до сите групи граѓани, вклучително и ранливите групи (маргинализираните групи, етничките малцинства, лицата со инвалидитет) е клучно во градењето доверба во владата и спроведувањето на неопходните структурни реформи во согласност со стандардите на ЕУ.

Фокусот на оваа програма ќе биде ставен на овие услуги поврзани со животни настани, поточно 118 услуги што се однесуваат на разни животни настани, категоризирани во осум области:
- Начин и постапка за започнување бизнис 
- Семејство 
- Вработување 
- Учење / студирање 
- Поведување на прекршочна постапка 
- Општа деловна постапка 
- Преместување (на пример, промена на лични документи, добивање информации за јавни услуги на местото на преместување, како што се училишта, болници).

Активностите во работната програма за подобрување на јавните услуги во голема мерка опфаќаат зајакнување на капацитетите на ГО за зачувување на интересите на граѓаните и нивните основни права, со што се придонесува за еден од столбовите на современите демократии - одговорна, транспарентна, партиципативна, инклузивна и ефикасна јавна администрација со висок квалитет на испорака на услуги за граѓаните. Работната програма предвидува партиципативен процес, воден од ЦУП во тесна соработка со мрежите на граѓанските организации и надлежните институции со цел да се идентификуваат мерките на политики за да се обезбеди пристап за сите граѓани кон подобри, побезбедни и поефикасни услуги.

Период 01.01.2020 - 31.12.2020

Донатор: Европска Унија

Краен корисник на проектот: Граѓанското општество, граѓаните, пратениците.

Главна цел:

Главната цел на проектот е да придонесе кон подобрување на јавните услуги за сите граѓани во земјата.

Очекувани резултати:

Резултат 1 - Обезбедување на функција за набљудување на граѓанското општество во повеќето релевантни услуги за граѓаните

Резултат 2 - Зголемен дијалог на граѓаните и граѓанското општество со пратениците и подобрена надзорна улога на Собранието за подобрување на квалитетот на јавните услуги.

Проектот е финансиран од Европска Унија



Галерија на проектот

Тимот на ЦУП на обука за Design Thinking

Дебата на тема: Отпорноста и прилагодливоста на образовниот сектор во Република Северна Македонија

Испорака на услугите во социјалната заштита во општината Битола

Дали услугите за претприемништво и отворање бизниси од поединци одговараат на модерниот начин на живот и водење бизнис?

Дигитализација за подобри услуги за студентите

Истражување на испораката на јавни услуги во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Шуто Оризари

Реалниот пат коj го поминуваат земjоделците за добивање на финансиска поддршка – студиjа на случаj во општините Куманово, Кичево и Прилеп

Eвидентирање на невработените лица во центарот на вработување на Град Скопје

Добиваме ли услуги од јавните комунални претпријатија кои одговараат на потребите на граѓаните

Дали услугата „Бесплатна Правна Помош“ навистина подава рака на оние на кои им е потребна?

Испорака на јавни услуги поврзани со управување со имот

Oбука за обработка на податоци и застапување врз основа на податоци

Фокус групи- училишта

Видео

Јавна дебата: Отпорност и прилагодливост на образовниот сектор во Република Северна Македонија

На дебатата заедно со Министерката за образование и наука Мила Царовска и експертите Ник Морган од Шкотска и Сандра Кучина Софтиќ од Хрватска, на дебатата разговаравме за тоа како земјите во Европа вклучувајќи ја и нашата земја, се справија со наглите промени во образовниот сектор, односно промената од кабинетска во онлајн настава. Ги споделивме досегашните искуства од спроведувањето на наставата на далечина кај нас како и во Шкотска и Хрватска, зборувавме за мислењата и искуствата на наставниците, родителите и учениците, кои се дел од целиот процес и се согласивме за тоа колку е важна дигиталната писменост и на кое ниво се наоѓа кај нас, а на кое во поразвиените земји. 
Неопходно е модернизирање односно дигитализирање на образованието во сите сегменти и во делот на услугите, како и реформи кои ќе создадат лесно прилагодлив наставен процес во време на криза.

Кампања „Ноември- месец на дискусии за јавните услуги“

„Ноември- месец на дискусии за јавните услуги“. Заедно со партнерските организации, спроведовме истражувања за јавните услуги на централно и локално ниво.  Целта на овие дискусии е да дадеме преглед на сите идентификувани проблеми пред носителите на одлуки и јавните институции, наоди, но и препораки од истражувачите за подобрување на испораката на услугите во повеќе одбрани општествени сфери. Препораките даваат основа за почетни чекори за подобрување на дел од анализираните услуги, а пред тоа и за отворање јавна дискусија за модернизација на услугите за граѓаните. Собранието има обврска да врши надзор на работата на јавните институции од функционален, финансиски и од аспект на реализација на зацртаните реформи, па оттука и на испораката на услугите кон корисниците, а основа за надзорните расправи можат да бидат податоците и информациите од граѓанските организации. Ваквата синергија претставува не само модерен начин на широко вклучување на граѓаните во креирање и следење политики, туку и заедничко засилено влијание за спроведување на реформи во корист на граѓаните.

Граѓански иницијативи

Центарот за управување со промени (ЦУП) воведе нова алатка за поттикнување на граѓаните во правењето промени во јавната сфера со доставување на иницијативи на нашата интернет страна.

Потребно е да ја осмислите и внесете вашата иницијатива на нашата интернет страна и да отпочнете да ја ширите идејата за промени, притоа можете да дадате поддршка за веќе објавенитe иницијативи. Потребни се 500 поддржувачи за иницијативата да стигне до носителите на одлуки.

Препораки за модернизирање на јавните услуги за граѓаните

Препораки за организација на наставата на далечина

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk