Статистичка анализа на податоци | ЦУП

Статистичка анализа на податоци

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
10-30 учесници

За програмата

Програмата претставува основна обука за различни алатки и постапки кои се користат за прибирање на податоци со намера истите да ги анализираат, да ги отстранат девијациите кои се јавуваат, за понатака истите да ги искористат во анализата и да дојдат до заклучок за промените кои се јавуваат со текот на времето. Организациите, резултатите од анализите ги користат за постигнување на позитивни промени во општеството во кое тие функционираат. Целта на обуката е да ги објасни предностите од примената на статистичката анализа преку различни видови на програми и како истите можат да бидат искористени за да се анализира одредена појава која е во домен на нивната област на работа и функционирање.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • ги совладаат основите на статистиката и потребите за статистичка анализа;
  • се здобијат со знаење за основните поими кои се користат во статистиката и нивното значење;
  • ги совладаат основните фази низ кои поминува статистичката акција;
  • совладаат што треба да содржи планот за собирање на статистички податоци ;
  • го совладаат начинот на кој треба да бидат прибрани податоците преку јасни, кратки и концизно формулирани прашањата чии што одговори понатака треба да се обработат ;
  • ги совладаат основните поими кои се користат во статистиката и нивното значење;
  • научат како да обработат и средат податоци, да направат статистички серии, да прикажат финални резултати во табели или со графикони;
  • ги сфатат основите на статистичката анализа и како да направат интерпретација на добиените резултати;
  • се здобијат со знаење за основи за програмата SPSS коja најчесто се користат во статистичката анализа.

Содржина на програмата

  • дефиниција за статистика, предметот на нејзиното проучување и статистички податоци, статистички единици и статистички белези (квалитативни и квантитативни) и разликите помеѓу нив
  • начини на прибирање и селекција на податоците кои можат да ни користат и бидат анализирани и правилно интерпретирани во областа на работењето и делувањето на ГО
  • методологии кои се користат за статистичка анализа (статистички попис, статистички извештај) и релевантни извори од каде и како се прибираат податоците
  • план за собирање на статистички податоци
  • репрезентативен примерокот
  • видови на статистички податоци (категорични и нумерички) и како истите се користат за да се сметаат за веродостојни
  • извори од каде се прибираат податоците, анализа на податоци објавени на страната на Државниот завода за статистика на РСМ и НБРМ, додека за меѓународни податоци страната на EUROSTAT, World Bank
  • статистичка маса, статистичка единица и статистички серии
  • анализа на временски развиток и динамика на масовните појави
  • графички приказ на податоците (дијаграми, картограми, хистограми)
  • пресметковни, аритметички средни големини и хармониска пондерирана средина и како истите се утврдуваат
  • правилото на struges
  • поим за корелација (проста и повеќекратна) и коефициент на корелација
  • програмата SPSS

Координатор на програмата

Весна Глигорова

Весна Глигорова е магистер по европски студии на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултетет во Скопје, со магистерска теза : „Перспективите на европскиот пазар на труд после последното проширување и реформираниот Лисабонски договор“. Нејзиното претходно образование исто така е во областа на економијата на Економскиот факултет во Скопје на департманот финансиски менаџмент.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk