Креирање и обработка на податочни сетови | ЦУП

Креирање и обработка на податочни сетови

Сподели
3 дена
7 сесии
24 часа
10-15 учесници

За програмата

Ефективната обработка на податоци може да даде огромен придонес во носењето одлуки, анализа на политики и мерки, изработка на истражувања итн. Модерните софтверски алатки овозможуваат поедноставено креирање и обработка на податочни сетови. Учесниците на обуката ќе имаат практична работа на компјутер за да можат да се стекнат со технички вештини за креирање и обработка на податочни сетови.

Целта на програмата е да се стекнат вештини за изработка на податочни сетови врз основа на прибрани информации и податоци, и техники за различни модели на обработка на податоците со користење на Microsoft Excel.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе препознаат различни можни извори на податоци
  • Ќе може да дизајнираат структури на податочни сетови
  • Ќе се стекнат со техники за валидација при внес и обработка на податоците
  • Ќе можат да користат Microsoft Excel за креирање и структурирање на податочен сет
  • Ќе се стекнат со технички вештини за обработка на податочните сетови преку користење на функции на Microsoft Excel

Содржина на програмата

  • Општи поими на податоци и информации
  • Извори на податоци
  • Табеларна структура на податочен сет
  • Изработка на податочен сет
  • Техники за валидација на податоци
  • Техники за обработка на податоци
  • Функции на Microsoft Excel за обработка на податоци

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра Белчева-Ристовска е искусен обучувач, проектен менаџер и експерт за институционален развој со повеќе од 20 години професионално искуство во областа на европската интеграција, управувањето со ЕУ фондови и проекти, реформата на јавната администрација и организацискиот развој. Располага со практично искуство во управување и имплементација на програми и договори финансирани од ЕУ/ ИПА, комбинирајќи го познавањето на процедурите на ЕУ со темелно разбирање на институционалните системи во Македонија.

Во текот на десетгодишниот ангажман во Министерството за финансии, во рамките на Секторото за склучување договори од ИПА (ЦФЦД), била одговорна за воспоставување и одржување на системите за управување и контрола на ЕУ фондовите, зајакнување на капацитетите на ИПА оперативните структури и развој на процедури. Има искуство како пртеседавач со бројни комисии за евалуација на понуди за договори за услуги, стоки, рамковни договори, грантови и твининг. Нејзиниот последователен консултантски и проектен ангажман го проширува нејзината експертиза на целиот проектен циклус – од развој и подготовка на проекти до имплементација, мониторинг, известување и евалуација.

Како обучувач, има развиено и спроведено бројни програми за градење на капацитетите на јавните институции, ИПА структурите, општините и граѓанското општество. Нејзините области на обучување опфаќаат управување со проектниот циклус на ЕУ, механизмите за финансирање од ЕУ, развој и подготовка на проектни предлози, ПРАГ процедури, јавни набавки и евалуација, управување со грант-договори, финансиски и оперативни процедури и системи за внатрешна контрола. Има искуство и во развој на наставни програми, прирачници и прилагодени материјали за обука за институции во Северна Македонија и Турција.

Нејзината експертиза во организацискиот развој опфаќа функционални анализи, институционална организација, стратешко планирање, управување со човечки ресурси, управување со учинокот и развој на внатрешни процедури. Таа е автор на Методологијата за функционална анализа на институциите од јавниот сектор во Северна Македонија, која ја има применето во бројни институции на централно и локално ниво.

Магистрирала европско и компаративно право (LLM) на Универзитетот во Гент, Белгија. Нејзиниот пристап кон обучувањето ги поврзува регулаторните и методолошките знаења со практични примери, студии на случај и вежби, овозможувајќи им на учесниците да стекнат применливи знаења и алатки за нивното секојдневно професионално работење.

Контактирајте не преку овој формулар