Презентациски вештини | ЦУП

Презентациски вештини

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
10-20 учесници

За програмата

Основата на новините во изведувањето на успешна презентација се базира на партиципативниот пристап и интеракцијата помеѓу оној кој презентира и слушателите. Од презентерот се очекува да ја изведе презентацијата со интересен и динамичен пристап кој ќе побуди интерес за следење и ќе ги охрабри слушателите активно да партиципираат во дискусијата која следи.

Техниките на презентација, или презентациските вештини се првиот методолошки елемент од доменот на вештини на овој курс.

Целта на оваа обука е учесниците да стекнат теоретски знаења, вештини и алатки за изведување на успешна презентација.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе можат:

  • Да дизајнираат, планираат и спорведат успешна презентација;
  • Да се фокусираат на клучната порака на презентацијата и структуирање на ефективна презентација;
  • Да применат основни техники за моќна презентација;
  • Ефективно да употребуваат Power point, табла, флипчарт, картички и други нагледни средства;
  • Да практикуваат и демострираат ефективна употреба на глас и говор на тело;
  • Да употребуваат прашања и одговори за да го охрабрат и поддржат текот на презентацијата;
  • Самостојно да подготвуваат и да испорачуваат презентации.

Содржина на програмата

  • Подготовка на презентација (структура и елементи на успешна презентација)
  • Елементи на успешно надминување на страв и трема пред јавен настап
  • Остварување на релации со слушателите
  • Невербална комуникација (став, гестикулација, мимика итн.)
  • Употреба на простор
  • Визуелни помагала (селекција и употреба)
  • Употреба на прашања и одоговори
  • Практичен дел, подготовка на презентација на зададена тема (секој учесни ќе добие видео запис од својот настап)

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk