Родово одговорно креирање политики и буџетирање во министерствата и органиите на државна управа | ЦУП

Родово одговорно креирање политики и буџетирање во министерствата и органиите на државна управа

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
10-30 учесници

За програмата

Целта на програмата е поттикнување на разбирање за важноста од вклучување на родовата еднаквост во процесите на креирање, следење, и оценка на јавните политики, проследени со соодветни буџетски импликации.

Обуката ја посочува важноста, но и дава практични знаења како родовите аспекти да станат интегрален дел од сите овие процеси и со тоа да се стави крај на нееднаквоста, притоа земјаќи ги во предвид различните приоритети на мажите и жените.

Овој пристап е модел на суштинска рамоправност кокј не е засегнат само од подеднакви можности туку од правичност на резултатите во имплементацијата на државните политики.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Ја разберат важноста на креаторите на политиките при примена на родово одговорно буџетирање во институциите на централно ниво
  • Имаат увид како да обезбедат конзистентност помеѓу стратешки обврски и приоритети и родовите прашња
  • Ќе го разберат концептот на родово одговорно буџетирање и ќе можат да го применат во секојдневната работа
  • Ќе бидат свесни за обврските кој произлегуваат од Методологија за родово одговорно буџетирање

Содржина на програмата

  • Рамка за креирање политики и родовите аспекти во креирањето на политиките
  • Родово одговорно буџетирање
  • Примена не чекорите за обезбедување
  • Креирање на визија и цели за политиките
  • Анализа и употреба на докази во процесите на креирање на политики
  • Воспоставување на родово сензитивни основни (baseline)  индикатори
  • Метод: Студија на случај
  • Вештини за креирање политики: анализа на клучни актери и
  • анализа на влијанија - ПЕСТЛЕ анализа
  • Креирање на сценарија за родово сензитивни политики
  • Решавање проблеми и донесување на одлуки– креативно мислење
  • Анализа на ризици
  • Известување за родово сензитивните иницијативи
  • Методологија за родово одговорно буџетирање

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар