Мерење на задоволството на вработените | ЦУП

Мерење на задоволството на вработените

Сподели
1 ден
3 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да можат да спроведат истражување на нивото на задоволството на вработените во организацијата, преку примена на меѓународни модели прилагодени на контекстот на работа на организациите.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе имаат напредни познавања како да дизајнираат прашалник за мерење на задоволството на вработените во организацијата
  • Ќе стекнат вештини за изработка и дистрибуација на електронски прашалник, а потоа и да генерираат автоматски резултати
  • Ќе стекнат познавања како да ги анализираат резултатите од анкетата
  • Ќе препознаат како да ги искористат резултатите од анкетата за подобрување на своето работење

Содржина на програмата

  • Изработка на анкетен прашалник за мерење на задоволството на вработените
  • Изработка на електронски анкетен прашалник и генерирање електронски резултати
  • Анализа на резултати од спроведената анкета

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар