Функции во јавниот сектор | ЦУП

Функции во јавниот сектор

Сподели
1 ден
3 сесии
6 часа
10 - 20 учесници

За програмата

Организацијата на институциите во јавниот сектор би требало да се заснова на функциите кои тие ги извршуваат согласно законските надлежности. Заради преиспитување на поставеноста на институциите и нивната внатрешна организација, ЦУП во соработка со МИОА подготви Методологија за функционална анализа, која се заснова на препознавањето на функциите. Ова се покажа и како најголем предизвик за сите институции, поради што е неопходно да се разјаснат карактеристиките на функциите и како и каде тие би требало да се реализираат. Препознавањето на функциите е основа и за идентификување на професиите кои се клучни за институциите, концентрацијата на расположливите ресурси, но и за воспоставување соодветни односи со другите институции заради поставување соодветни линии на отчетност. 

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе ги препознаат фунцкиите кои се вршат во нивните институции
  • Ќе знаат да ги класифицираат функциите по соодветен тип
  • Ќе можат да идентификуваат кои се клучни функции во нивните институции, а кои се функции на поддршка
  • Ќе можат да ја преоценат внатрешната организација во институциите
  • Ќе можат да ги преоценат односите со други институции/ организации и процедурите за комуникација со нив

Содржина на програмата

  • Што е функција во јавниот сектор
  • Типови на функции
  • Клучни наспроти функции на поддршка
  • Организација на функциите
  • Практични примери и стекнати искуства

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk