Скрининг за поединечни поглавја
За програмата
Обуката има за цел да обезбеди подетални и практични насоки за процесот на скрининг за предничени поглавја, со нивна суштинска анализа и со насоки за градење на позиции.
Предуслов за следење на оваа обука е претходно следење на обуката „Процес на преговори за членство во ЕУ“.
Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности
На крајот на обуката учесниците:
- Ќе знаат како е структурирано и што содржи европското законодавство за соодветното поглавје
- Ќе се запознаат со начините на следење на прогресот во односното поглавје
- Ќе се запознаат со националното законодавство во поглавјето
- Ќе ги знаат главните институции за креирање политики и спроведување на законодавството од тоа поглавје
- Ќе ги знаат критериумите кои треба да ги исполни државата за да биде на ниво на ЕУ во тоа поглавје
- Ќе ги знаат предизвиците и проблемите на национално ниво за поглавјето
- Ќе стекнат општа слика за сите други релевантни чинители на темите од поглавјето
- Капацитет за градење личен и аргументиран став кон темите од поглавјето
Содржина на програмата
- Структура на поглавјето и релевантно европско законодавство
- Анализа на поглавјето низ извештаите на ЕК
- Анализа на поглавјето низ националното законодавство, НПАА и институционални капацитети
- Објаснувачи скрининг за односното поглавје
- Компаративни искуства од земјите во регионот
- Гап анализа споредено со решенија во ЕУ
- Симулација на градење национални позиции
Координатор на програмата
Весна Бочварска Цветковска
Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“. Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.
За програмата
Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности
Содржина на програмата
Координатор на програмата