ЕУ правила за јавни набавки/ ПРАГ | ЦУП

ЕУ правила за јавни набавки/ ПРАГ

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
10-20 учесници

За програмата

ИПА средствата, наменети за поддршка на реформите во РСМ, најчесто се управуваат според правилата на ЕУ за управување со помошта наменета надвор од границите на ЕУ. Тие правила се во суштина правилата за јавни набавки, односно спроведување набавки финансирани од јавни финансии. ПРАГ (водич од ЕК) дава детални насоки и пропишани обрасци кои се следат, но тие имаат логичен след и оправданост за процедурите.

Во реалноста ПРАГ делува обесхрабрувачки за корисниците, но со соодветна насока овие правила се разбирливи како и националните правила за јавни набавки. Токму целта на обуката е да ги охрабри јавните и приватните организации да ги користат ИПА средствата, односно да се подготват да ги следат пропишаните правила и процедури.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се запознаат со поголемата слика на претпристапната помош за РСМ
  • Ќе ја разберат логиката зад процедурите пропишани во ПРАГ, како и генералните принципи
  • Ќе стекнат познавања од типовите на набавки и постапките за набавки според вредноста на договорите
  • Ќе ги научат потребните тендерски документи за набавките и потребните рокови
  • Ќе ги применат ваквите познавања за практична подготовка на некои од тендерските документи

Содржина на програмата

  • Претпристапната помош за РСМ од ЕУ
  • Модели на управување со помошта
  • Набавките во рамки на управувањето со проектите
  • Основни принципи на ПРАГ
  • Типови на набавки – услуги, стоки, градежни работи
  • Договори според ПРАГ
  • Вредност на набавките
  • Тендерски документи
  • Практични вежби

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра Белчева-Ристовска е искусен обучувач, проектен менаџер и експерт за институционален развој со повеќе од 20 години професионално искуство во областа на европската интеграција, управувањето со ЕУ фондови и проекти, реформата на јавната администрација и организацискиот развој. Располага со практично искуство во управување и имплементација на програми и договори финансирани од ЕУ/ ИПА, комбинирајќи го познавањето на процедурите на ЕУ со темелно разбирање на институционалните системи во Македонија.

Во текот на десетгодишниот ангажман во Министерството за финансии, во рамките на Секторото за склучување договори од ИПА (ЦФЦД), била одговорна за воспоставување и одржување на системите за управување и контрола на ЕУ фондовите, зајакнување на капацитетите на ИПА оперативните структури и развој на процедури. Има искуство како пртеседавач со бројни комисии за евалуација на понуди за договори за услуги, стоки, рамковни договори, грантови и твининг. Нејзиниот последователен консултантски и проектен ангажман го проширува нејзината експертиза на целиот проектен циклус – од развој и подготовка на проекти до имплементација, мониторинг, известување и евалуација.

Како обучувач, има развиено и спроведено бројни програми за градење на капацитетите на јавните институции, ИПА структурите, општините и граѓанското општество. Нејзините области на обучување опфаќаат управување со проектниот циклус на ЕУ, механизмите за финансирање од ЕУ, развој и подготовка на проектни предлози, ПРАГ процедури, јавни набавки и евалуација, управување со грант-договори, финансиски и оперативни процедури и системи за внатрешна контрола. Има искуство и во развој на наставни програми, прирачници и прилагодени материјали за обука за институции во Северна Македонија и Турција.

Нејзината експертиза во организацискиот развој опфаќа функционални анализи, институционална организација, стратешко планирање, управување со човечки ресурси, управување со учинокот и развој на внатрешни процедури. Таа е автор на Методологијата за функционална анализа на институциите од јавниот сектор во Северна Македонија, која ја има применето во бројни институции на централно и локално ниво.

Магистрирала европско и компаративно право (LLM) на Универзитетот во Гент, Белгија. Нејзиниот пристап кон обучувањето ги поврзува регулаторните и методолошките знаења со практични примери, студии на случај и вежби, овозможувајќи им на учесниците да стекнат применливи знаења и алатки за нивното секојдневно професионално работење.

Контактирајте не преку овој формулар