Стандарди за управување со човечки ресурси | ЦУП

Стандарди за управување со човечки ресурси

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да ги препознаваат стандардите за управување со човечки ресурси како збир на добри практики произлезени од раководење со најдрагоцениот капитал со кој располагаат организациите – луѓето и нивниот потенцијал.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе имаат напредни познавања за управување со човечките ресурси и ќе можат да влијаат за унапредување на работата на одделенијата за управување со човечки ресурси
  • Ќе стекнат познавања за лесни, едноставни и разбирливи стандарди кои ќе стимулираат напредок и професионално усовршување на вработените во секоја организација
  • Ќе ги препознаваат стандардите како корисна алатка  во работењето со човечките ресурси во една организација.

Содржина на програмата

  • Етика во администрацијата; улоги и одговорности на ОУЧР; селекција и вработување;
  • Работни компетенции; делегирање на задачи; внатрешна комуникација
  • Менторство, воведна обука и интервју и излезно интервју
  • Обука и професионален развој; развој на кариера; одговорост на вработените

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар