Интеркултурно учење – работа во мултикултурни средини | ЦУП

Интеркултурно учење – работа во мултикултурни средини

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
10-20 учесници

За програмата

Целите на обуката се насочени кон разбирање на различностите - имање поинакови гледишта, идеи, вредности и однесувања, како почетна точка за придвижување кон заеднички интерес. Преку интеракцијата на различностите возможно е да се достигнат нови решенија и да се изнајдат нови принципи за дејствување во подобрување на политиките и стратегиите во работата на јавната администрација. Тие се базираат на рамноправност, достоинството и на еднакви права.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Ги збогатат нивните познавања со различни концепти за меѓукултурното и интеркултурно учење особено за работа во мултиетнички средини
  • Се стекнат со практични познавања од интеркултурното учење (малцинства, културна разноликост, вклучување наспроти дискриминација, исклучување, толеранција)
  • Да препознаат како се гради идентитетот на поединецот и групата и колку ве важно идентитетски разлики да се почитуваат особено во работата во мултикултурни средини
  • Да ги распознаат стеротипите, предрасудите како извор на поделби и да бидат способни да научат и најдат конкретни методи за нивно надминување во различни културни опкружувања, со посебен фокус на нивната секојдневна работа
  • Ги развијат/подобрат вештините за меѓукултурна комуникација

Содржина на програмата

  • Интеркултурно учење
  • Разбирање за концептот на култура, интеркултура и мултикултура како основа за зближување и разединување помеѓу групите 
  • Идентитет
  • Да се земат предвид клучните аспекти на личниот и социјалниот идентитет; да се препознаат опасностите од поларизација на идентитетите како резултат на непремостливи разединувања. 
  • Стереотипи и предрасуди
  • Различности како основа на соработка во интеркултурни средини

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk