Систем на раководење и управување темелен на компетенции | ЦУП

Систем на раководење и управување темелен на компетенции

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да се запознаат со рамката на општите работни компетенции, кои се предностите при управување со систем заснован на компетенции и начинот на нивно идентификување и надградување кај вработените.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • имаат познавање од опфатот на општите работни компетенции како и посебни работни компетенции;
  • имаат разбирање зашто се важни компетенциите и кои се предностите при постоење на систем на управување со компетенции, како и бенефитите на вработените и врвното раководство во однос на развојот на истите.
  • можат да препознаат колку се важни компетенциите при вработување, при унапредување, при оценување на перформансот на вработените и нивно усовршување.

Содржина на програмата

  • Што се работни компетеции, дефиниција и индикатори;
  • Запознавање со општите 9 работни компетенции дефинирани во рамката на компетенции, како и посебни работни компетенции;
  • Нивоа на општите работни компетенции согласно работното место ( основно, средно и напредно ниво)
  • Придобивките од воведување на систем на компетенции и со тоа подобрување на постапките за: селекција и вработување, унапредување, оценување на ефектот од работењето и стручно усовршување;

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk