Финансиско управување на граѓански организации | ЦУП

Финансиско управување на граѓански организации

Сподели
2 дена
6 сесии
12 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за тоа како подобро да ги управуваат финансиите во своите ГО и да обезбедат поголема транспарентност во користење на средствата на донаторите и сопствените средства.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • ги зајакнат своите капацитети со подобрени практики за добро управување.
  • можат да ги препознаат придобивките од потранспарентно и отчетно водење на финансиите во своите ГО.
  • умеат да воспостават и практикуваат финансиски и транспарентен систем на финансиски менаџмент во организациите.

Содржина на програмата

  • Планирање на буџет и контрола на буџетот како алатки за управување и раководење со финансиите, нивните предности и недостатоци;
  • Процедури за набавки и контрола на процесот како основен дел од процесот на добивање соодветна вредност за парите од аспект на поголемите донатори и добри практики;
  • Интерни процедури за исплати и финансиско менаџирање на сите расходи и трошоци;
  • Систем на проектни сметки, контролен систем при електронско банкарство; систем на меѓусебно префрлање и реалокации меѓу сметки и меѓу буџети;
  • Интерна и надворешна независна ревизија и нивните постапки, цели и извештаи;
  • Финансиски извештаи во функција на транспарентност и отчетност на ГО со цел да покажат дека нивните активности се во склад со декларираните вредности;

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk