Работилница за Висока раководна служба (Функционери) – управување и развој 1 ДЕЛ | ЦУП

Работилница за Висока раководна служба (Функционери) – управување и развој 1 ДЕЛ

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на оваа работилница е да се поддржи развојот и да се зајакнат капацитетите на највисокото раководство во јавната администрација,  надоврзувајќи се на најновите согледувања и најдобрите практики во врска со нивната улога, обврски и за прашања кои се приоритетни за раководителите во јавниот сектор.  

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Ќе научат за сопствениот стил на лидерство
  • Ќе ги идентификуваат успешните пристапи за постигнување на влијание преку преговарање и убедување
  • Ќе ја разберат динамиката на тимовите и нивното функционирање
  • Ќе ги разберат принципите на подобрување на успешност во работата
  • Ќе ја проценат сопствената организациска култура и клима
  • Ќе ја разгледаат рамката за управување со промените
  • Ќе развијат стратегии за надминување на отпорот кон промените
  • Ќе ги идентификуваат критичните фактори за успех во процесот на управување со промените

Содржина на програмата

  • Улогата на лидерството во подобрување на работењето и инспрација
  • Улогата на лидерството во успешно предводење на промените, вклучувајќи и:
    • Рамка за управување со промените
    • Критички фактори за успех во процесот на раководење со промените
    • Оценка на организациската култура и клима
    • Надминување на отпорот кон промената
  • Менаџирање со успешноста во работењето на организацијата
  • Како да се процени организациската „прилагоденост кон одредена цел’’
  • Анализа и вклучување на засегнатите страни
  • Побарувачка за сé поголема вклученост на јавноста и персонализирани услуги
  • Работа во партнерства (вклучувајќи го приватниот и граѓанскиот сектор)
  • Да се оцени сопствениот стил на лидерство и стилот на тимска работа преку комплетирање на Типскиот индикатор Маерс-Бригс (Myers-Briggs Type Indicator), и да се разбере неговото влијание врз другите
  • Успешни пристапи кон постигнување влијателност преку преговарање и убедување
  • Да се разгледаат пристапите кон лидерството кои се најсоодветни за денешните предизвици
  • Изградба на тимови и нивна динамика
  • Подобрување на успешноста во работењето, мерење на перформансите и улогата на 360 фидбек

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар