Организациска култура и однесување | ЦУП

Организациска култура и однесување

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
5-10 учесници

За програмата

Обуката има за цел да ја засили свеста за важноста на организациската култура како еден од факторите кои придонесува за успехот или неуспехот на организацијата.

Начинот на кој организацијата ги спроведува активностите; се однесува кон вработените, граѓаните и партнерите; ги споделува идеите, потикнува на иновативност итн. говори за организациската култура.  Во текот на обуката овие елементи се согледуваат низ призма на неколу модели и истражување спроведени ширум Европа.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Jа разберат врската помеѓу културата и организацијата.
  • Jа ги разберат клучните карактеристики на организациската култура
  • Jа ја идентификуваат организацската култура во рамките на организациите во кои работат и да ја откријат за нив посакуваната организациска култура
  • Jа ги разберат перспективите и можностите за промена на организациската култура
  • Jа разберат важноста на водството во креирање на организациска култура

Содржина на програмата

  • Култура, поим и разбирање
  • Препознавање на видливите и невидливите одлики на културата и суб-културите врз основа на теоријата на „Санта мраз“
  • Организациска култура,  теории  одлики и карактеристики 
  • Препознавање на симболите, вредностите и перцепциите кои вработените ги споделуваат врз начинот на кој функционира организацијата.
  • Оценка на сопствената култура – модел на Чарлс Хенди
  • Проценка на сопствената организациска култура и да се разбере посакуваниот тип на организациска култура како и начините да се стаса до таму. 
  • Промена на организациската култура и улогата на раководството во нејзино обликување

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар