Напредна обука за отворени податоци | ЦУП

Напредна обука за отворени податоци

Сподели
2 дена
8 сесии
16 часа
10-20 учесници

За програмата

Програмата претставува напредна обука за отворени податоци, наменета за стекнување напредни вештини за лица со технички познавања за концептот на отворени податоци, особено за назначените офицери за отворени податоци и ИТ лица од државните институции.

Целта на програмата е да се унапредат техничките вештини за идентификување, попишување, приоритизирање и објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се стекнат со познавања за концептот и придобовките на отворени податоци
  • Ќе се стекнат со напредни познавања за техничките аспекти за отворени податоци, вклучувајќи формати на отворени податоци, платформи за отворени податоци, лиценцни модели, структура на податочни сетови и димензии на квалитет на податоци
  • Ќе се стекнат со напредни познавања од областа на податочна писменост
  • Ќе се стекнат со напредни техники за филтрирање и анонимизација на податочни сетови
  • Ќе стекнат практично знаење за процесот на објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk.

Содржина на програмата

  • Општи поими на податоци и информации, и дефинирање на концептот на отворени податоци
  • Придобивки од објавувањето на отворени податоци
  • Принципи на отворени податоци
  • Студии на случај на користење отворени податоци
  • Напредни технички аспекти за отворени податоци
  • Процес на идентификација и каталогизација
  • Процес на приоритизација на податчни сетови
  • Процес на објавување отворени податоци

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра Белчева-Ристовска е искусен обучувач, проектен менаџер и експерт за институционален развој со повеќе од 20 години професионално искуство во областа на европската интеграција, управувањето со ЕУ фондови и проекти, реформата на јавната администрација и организацискиот развој. Располага со практично искуство во управување и имплементација на програми и договори финансирани од ЕУ/ ИПА, комбинирајќи го познавањето на процедурите на ЕУ со темелно разбирање на институционалните системи во Македонија.

Во текот на десетгодишниот ангажман во Министерството за финансии, во рамките на Секторото за склучување договори од ИПА (ЦФЦД), била одговорна за воспоставување и одржување на системите за управување и контрола на ЕУ фондовите, зајакнување на капацитетите на ИПА оперативните структури и развој на процедури. Има искуство како пртеседавач со бројни комисии за евалуација на понуди за договори за услуги, стоки, рамковни договори, грантови и твининг. Нејзиниот последователен консултантски и проектен ангажман го проширува нејзината експертиза на целиот проектен циклус – од развој и подготовка на проекти до имплементација, мониторинг, известување и евалуација.

Како обучувач, има развиено и спроведено бројни програми за градење на капацитетите на јавните институции, ИПА структурите, општините и граѓанското општество. Нејзините области на обучување опфаќаат управување со проектниот циклус на ЕУ, механизмите за финансирање од ЕУ, развој и подготовка на проектни предлози, ПРАГ процедури, јавни набавки и евалуација, управување со грант-договори, финансиски и оперативни процедури и системи за внатрешна контрола. Има искуство и во развој на наставни програми, прирачници и прилагодени материјали за обука за институции во Северна Македонија и Турција.

Нејзината експертиза во организацискиот развој опфаќа функционални анализи, институционална организација, стратешко планирање, управување со човечки ресурси, управување со учинокот и развој на внатрешни процедури. Таа е автор на Методологијата за функционална анализа на институциите од јавниот сектор во Северна Македонија, која ја има применето во бројни институции на централно и локално ниво.

Магистрирала европско и компаративно право (LLM) на Универзитетот во Гент, Белгија. Нејзиниот пристап кон обучувањето ги поврзува регулаторните и методолошките знаења со практични примери, студии на случај и вежби, овозможувајќи им на учесниците да стекнат применливи знаења и алатки за нивното секојдневно професионално работење.

Контактирајте не преку овој формулар