Обука за обучувачи (ТОТ) | ЦУП

Обука за обучувачи (ТОТ)

Сподели
4 дена
16 сесии
32 часа
5-10 учесници

За програмата

Целта на програмата е насочена кон стекнување на знаења, вештини и алатки за развивање и спроведување на ефективни партиципативни и сеопфатни програми за обука, а е наменета за идни обучувачи.  

Професионалното знаење за методите на партиципативна обука, презентациски и фацилитаторски техники и стручност во изработка на програми за обука ќе им овозможат на учесниците солидна основа да отпочнат да работат како тренери и/или подобрување на перформансите на оние кои веќе имале искуство во испорака на обука.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе бидат во можност:

  • Да направат проценка на потребите од обука;
  • Да воспостават цели на обуката, за секоја сесија поединечно и во целост;
  • Да направат правилен избор на методите и материјалите на обука, користејќи се со принципите на партиципативно учење;
  • Да направат правилен избор на визуелни средства;
  • Ќе можат да создадаваат, планираат и имплементираат интерактивна обука;
  • Да ги применат практичните техники на фацилитација и водење на обука;
  • Лесно да се справуват со прашања со кои се сретнуваат во процесот на интерактивно учење;
  • Да се справат со тешки клиенти/учесници на обука;

Содржина на програмата

  • Циклус на учење кај возрасните;
  • Испорака на обука за групи
  • Методи и техники на спроведување интерактивна обука: бура на идеи, работа во мали групи, игра на улоги, студија на случај, метод на клучни зборови, демонстрација, дискусија, аквариум итн.
  • Употреба на визуелни помагала.
  • Презентациски вештини
  • Вештини на: запонавање, користење примери, насочување на дискусијата, конструктивен фидбек и резимирање
  • Дизајнирање на сесија за обука;
  • Микро учење (учесниците сами подготвуваат сесија која ќе биде снимана на видео камера)

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk