Имплементација на проекти финансирани од ЕУ – грантови и сервиси | ЦУП

Имплементација на проекти финансирани од ЕУ – грантови и сервиси

Сподели
3 дена
12 сесии
18 часа
5-10 учесници

За програмата

Обуката има за цел да обезбеди практични насоки и совети за успешна реализација на два типа на проекти – сервиси (проекти кои обезбедуваат консултантски услуги, градење капацитети, поддршка во работата) и грантови (целосна поддршка за реализација на помал проект), кои се поддржани преку ИПА програмите за Северна Македонија.  За успешно спроведување на проектите согласно правилата ПРАГ и посебните барања на програмите, потребно е специфично знаење постапките кои треба да се следат, правилата на финансиско управување, обезбедување документација, докази и ревизорска трага, специфична комуникација со корисниците, целните групи и донаторот.

Обуката обезбедува преглед на најважните аспекти на документите и процедурите кои треба да се користат преку нивна практична примена за време на обуката.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се запознаат со обрасците од ПРАГ кои се користат при спроведување на овие проекти
  • Ќе ги разберат правилата и постапките кои се задолжителни
  • Ќе научат како да управуваат со текот на проектите, со ризиците и промените
  • Ќе го разберат начинот на финансиско управување со проектите
  • Ќе научат како да известуваат за текот на проектите

Содржина на програмата

  • Обврски според договорот за поддршка на проектот
  • Промени во проектот
  • Управување со буџетот на проектот
  • ПРАГ правила за набавки
  • Документација за проектот
  • Известување
  • Практични примери на постапки
  • Практични вежби со пропишаните документи

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра Белчева-Ристовска е искусен обучувач, проектен менаџер и експерт за институционален развој со повеќе од 20 години професионално искуство во областа на европската интеграција, управувањето со ЕУ фондови и проекти, реформата на јавната администрација и организацискиот развој. Располага со практично искуство во управување и имплементација на програми и договори финансирани од ЕУ/ ИПА, комбинирајќи го познавањето на процедурите на ЕУ со темелно разбирање на институционалните системи во Македонија.

Во текот на десетгодишниот ангажман во Министерството за финансии, во рамките на Секторото за склучување договори од ИПА (ЦФЦД), била одговорна за воспоставување и одржување на системите за управување и контрола на ЕУ фондовите, зајакнување на капацитетите на ИПА оперативните структури и развој на процедури. Има искуство како пртеседавач со бројни комисии за евалуација на понуди за договори за услуги, стоки, рамковни договори, грантови и твининг. Нејзиниот последователен консултантски и проектен ангажман го проширува нејзината експертиза на целиот проектен циклус – од развој и подготовка на проекти до имплементација, мониторинг, известување и евалуација.

Како обучувач, има развиено и спроведено бројни програми за градење на капацитетите на јавните институции, ИПА структурите, општините и граѓанското општество. Нејзините области на обучување опфаќаат управување со проектниот циклус на ЕУ, механизмите за финансирање од ЕУ, развој и подготовка на проектни предлози, ПРАГ процедури, јавни набавки и евалуација, управување со грант-договори, финансиски и оперативни процедури и системи за внатрешна контрола. Има искуство и во развој на наставни програми, прирачници и прилагодени материјали за обука за институции во Северна Македонија и Турција.

Нејзината експертиза во организацискиот развој опфаќа функционални анализи, институционална организација, стратешко планирање, управување со човечки ресурси, управување со учинокот и развој на внатрешни процедури. Таа е автор на Методологијата за функционална анализа на институциите од јавниот сектор во Северна Македонија, која ја има применето во бројни институции на централно и локално ниво.

Магистрирала европско и компаративно право (LLM) на Универзитетот во Гент, Белгија. Нејзиниот пристап кон обучувањето ги поврзува регулаторните и методолошките знаења со практични примери, студии на случај и вежби, овозможувајќи им на учесниците да стекнат применливи знаења и алатки за нивното секојдневно професионално работење.

Контактирајте не преку овој формулар