Развој на бизнис план | ЦУП

Развој на бизнис план

Сподели
2 дена
8 сесии
16 часа
10-30 учесници

За програмата

Програмата претставува основна обука за развој на бизнис планови за микро, мали и средни претпријатија

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за основите на бизнис планирањето и како да го применат при започнување на сопствен бизнис или подобрување и зајакнување на постоечкиот бизнис.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се стекнат со основни познавања за бизнис планирањето, зошто е важен бизнис планот и основни елементи на бизнис планирањето
  • Ќе го разберат значењето на утврдување на визијата, мисијата и целите на секое претпријатие
  • Ќе се стекнат со основни знаења за надворешна и внатрешна анализа на ризиците
  • Ќе се стекнат со основни познавања за SWOT анализата, какво значење има и како се поставува
  • Ќе се стекнат со основни техники за изработка на финансискиот план
  • Ќе се стекнат со основни техники за изработка на акциски план

Содржина на програмата

  • Општи поими за бизнис планирање и основни елементи
  • Видови на бизнис модули, значење и предности на секој модул
  • Утврдување на визијата, мисија и целите на претпријатијата
  • Утврдување на можни надворешни и внатрешни ризици на претпријатието
  • Поединечна подготовка на финансиски и акциски план
  • Подготовка на сопствен бизнис план, дискусија и презентација на подготвените бизнис планови
  • Дискусија преку размена на искуства, идеи и знаења

Координатор на програмата

Јасна Пајковска

Јасна Пајковска има искуство во финансии, претприемништво и управување со човечки ресурси. Има учествувано на повеќе обуки за развој на човечки ресурси, комуникациски вештини и претприемништво, исто така активен член е на Македонската асосцијација за човечки ресурси. Таа има работено на проекти во областа на културен развој на деца без родители и проценка на процесот на националната интеграција на основните училишта во земјата. Јасна

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk