Мониторинг и евалуација на ЕУ проекти | ЦУП

Мониторинг и евалуација на ЕУ проекти

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
5-10 учесници

За програмата

Целта на обуката е стекнување на практични знаења и вештини за мониторинг и евалуација на ЕУ проекти, на употребата на овие процеси во текот на спроведување на проектите, практична примена на алатките и документите кои се користат за мониторинг и евалуација и јакнење на аналитичките вештини за оценување на постигнувањата на проектите. Различните типови на проекти користат различни методи на мониторинг и евалуација, но суштината и логиката за оценување на реализацијата на активностите, постигнувањето на резултатите и општествените промени се заеднички за сите нив.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе разберат која е целта на редовниот мониторинг на проектите и финалната евалуација на постигнувањата
  • Ќе стекнат вештини за користење на алатките кои се вообичаени за мониторинг и евалуација
  • Ќе умеат да оценат дали спроведувањето на проектите се води според барањата на договорот и според правилата солидно финансиско управување
  • Ќе научат да ги оценат резултатите од проектите
  • Ќе ги зајакнат аналитичките вештини за преиспитување на успешноста на проектите

Содржина на програмата

  • Специфики на постапките на мониторинг и евалуација
  • Релација меѓу проектната апликација, планот за спроведување на проектот и  буџетот
  • Дефинирање на индикатори
  • Практични вежби
  • Евалуација на резултатите од проектот
  • Оценување на постигнатото влијание и реална промена

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk