Мониторинг и евалуација на ЕУ проекти
За програмата
Целта на обуката е стекнување на практични знаења и вештини за мониторинг и евалуација на ЕУ проекти, на употребата на овие процеси во текот на спроведување на проектите, практична примена на алатките и документите кои се користат за мониторинг и евалуација и јакнење на аналитичките вештини за оценување на постигнувањата на проектите. Различните типови на проекти користат различни методи на мониторинг и евалуација, но суштината и логиката за оценување на реализацијата на активностите, постигнувањето на резултатите и општествените промени се заеднички за сите нив.
Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности
На крајот на обуката учесниците:
- Ќе разберат која е целта на редовниот мониторинг на проектите и финалната евалуација на постигнувањата
- Ќе стекнат вештини за користење на алатките кои се вообичаени за мониторинг и евалуација
- Ќе умеат да оценат дали спроведувањето на проектите се води според барањата на договорот и според правилата солидно финансиско управување
- Ќе научат да ги оценат резултатите од проектите
- Ќе ги зајакнат аналитичките вештини за преиспитување на успешноста на проектите
Содржина на програмата
- Специфики на постапките на мониторинг и евалуација
- Релација меѓу проектната апликација, планот за спроведување на проектот и буџетот
- Дефинирање на индикатори
- Практични вежби
- Евалуација на резултатите од проектот
- Оценување на постигнатото влијание и реална промена
Координатор на програмата
Искра Белчева - Ристовска
Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори.
За програмата
Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности
Содржина на програмата
Координатор на програмата