Раководење со човечки ресурси (РЧР) | ЦУП

Раководење со човечки ресурси (РЧР)

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
10-30 учесници

За програмата

Најдрагоцениот ресурс во една организација/институција се луѓето. Поаѓајки од оваа, начинот на кој се раковди човечкиот потенцијал е е основно прашање од кое зависи ефикасноста и ефективноста на компанијата.

Целта на обуката за раководење со човечки ресурси е да овозможи стекнување на знаења за системот, процесите и алатките за управување со луѓе. Обуката истовремено ќе овозможи зајакнување на интерперсоналните вештини за ефективно управување со човечките ресурси и ќе обезбеди алатки за обезбедување, развој, активирање и одржување на човечките ресурси во вашата организација/институција/компанија.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Знаат да анализираат и развијат стратешки систем за раководење со човечки ресурси
  • Можат да ги користат методите и техниките на регрутација, селекција и интегрирање на нововработените
  • Имаат практичо искуство:
  • како се прави транспарентен систем за селекција и интрвју
  • како да организирaа иницијален состанок за воспоствување и утврдување на целите и очекувањата од нововработените
  • организирање на состанок за следење на напредокот во работењето
  • подготовка и/или ревизија на систем за оценување на работните достигнувањата на персоналот
  • подготовка и/или ревизија на систем за наградување
  • Научат како да ги мониторираат, оценат и наградат перформансите на вработените во компнијата и да го планираат нивниот понатамошен развој

Содржина на програмата

  • Компоненти на системот за раководење со човечки ресурси (РЧР)
  • Модел за раководење на човечки ресурси
  • Улогата на менаџерот за РЧР
  • Планирање на системот на РЧР
  • Регрутирање на персонал (опис на работно место, огласување, интервјуирање на кандидати, психолошка оценка на кандидати)
  • Системи на набљудување и оценување на персоналот
  • Следење на перформансите на персоналот
  • Систем за наградување и мотивација на персонал
  • Планирање и развој на персоналот (анализа на потребите од стручно усовршување, развој на план за обука и други видови на стручно усовршување, оценка и примена на знаењето од стручното усовршвуање)

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk