Даноци кои ги плаќаат ГО самостојно и преку користење на системот на Е-ПДД | ЦУП

Даноци кои ги плаќаат ГО самостојно и преку користење на системот на Е-ПДД

Сподели
2 дена
8 сесии
16 часа
10-30 учесници

За програмата

Обуката е наменета за граѓанските организации кои се основаат и работат според посебен Закон за здруженија и фондации и како непрофитна форма на организации настапуваат во правниот промет. Иако истите се непрофитни организации сепак истите подложат на оданочување на приходите кои ги исплатуваат со одредена категорија на даноци. Целта на обуката е да претставува водич за правилно и одговорно финансиско работење пред надлежните институции особено пред УЈП која е одговорна за контрола на исплата на даноците од страна на правните и физичките лица во РСМ. Обуката е наменета да им го зголеми знаењето на лицата кои работат финансии во ГО како и на сите сметководствени бироа кои се задолжени за изработка на финансиските извештаи на ГО како и за контрола на финансиското работење на истите.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • се запознаат со специфичноста на ГО во поглед на нивните обврски за исплатата на даноци;
  • се запознаат со различни видови на директни и индиректни даноци кои ги исплатуваат граѓанските организации и кои се постапките за исплата на истите
  • им бидат претставени најважните делови од Законите врзани за правилно водење на сметководство за непрофитни организации и правилникот за сметководство за ГО
  • совладаат за кои видови на приходи се врши исплата на ПД а кои не подложат на истото согласно новиот Закон за ПД
  • биде објаснет начинот на пресметка на данокот и даночните стапки
  • им бидат претставени одредени постапки за исплата на даноци и видовите на барања кои се поднесуваат до УЈП
  • се запознаат со системот на Е-ПДД од УЈП
  • им биде претставена и објаснета постапката на внесувања на приходите и подготовка на аконтативна пресметка на данокот во рамки на Е-ПДД системот
  • се запознаат со правата и обврските на ГО во случај на надворешна контрола

Содржина на програмата

  • Дефиниции за граѓански организации, финансиско работење и контрола
  • Дефиниција и поделба на даноците на директни и индиректни даноци како и за што се користат истите
  • Претставување на посебните видови на даноци кои ги плаќаат ГО (данок на доход /добивка, задржан данок, данок на личен доход / персонален данок, данок на додадена вредност) како и причините и постапката за нивна исплата како за домашни така и за странски правни лица;
  • Разгледување на одредени делови од Законите врзани за правилно водење на сметководство за непрофитни организации и правилникот за сметководство за ГО ;
  • Краток водич низ системот на Е-ПДД и претставување на постапката за внесувањето и пресметката на даноците
  • Разгледување на приходите кои подложат на исплата на данок и која е постапката за нив и како се спроведува истата
  • Претставување на пример за подготовка на аконтативна пресметка за различни видови на приходи
  • Разгледување на различни видови на обрасци кои ГО најчесто ги поднесуваат во УЈП за различни видови на даноци и потврди кои ги поднесуваат до институциите
  • Претставување на различни видови на финансиски извештаи кои ГО ги поднесуваат до надлежните институции
  • Правата и обврските на ГО во случај на надворешна контрола и ревизија како на ниво на организација така и за донаторски проект

Обучувач

Томислав Боцески

Томислав Боцески е експерт за јавни набавки со професионално искуство од 18 години. Во текот на својата кариера, има стекнато значајно практично искуство во планирањето, координацијата и спроведувањето на постапките за јавни набавки, работејќи во Министерството за информатичко општество и администрација, Советот за јавни набавки, Второстепената комисија за управни спорови и Собранието на Република Северна Македонија преку ангажман во Националниот демократски институт (NDI). Како консултант и обучувач, соработувал со низа институции, меѓу кои  Министерството за здравство, Министерството за одбрана, МАЛМЕД, Државната изборна комисија, АКАЗУМ. Поседува сертификат за национален обучувач и зад себе има бројни реализирани обуки и тренинг-сесии за претставници на јавниот и приватниот сектор. Неговата предност е во поврзувањето на практичното искуство од институциите со конкретните потреби на компаниите што учествуваат на јавни набавки. Преку практичен и насочен пристап, им помага на компаниите подобро да ги разберат процедурите за јавни набавки, правилно да ја подготват тендерската документација, да ги препознаат и избегнат најчестите грешки и да ги унапредат своите можности за успешно учество во постапките за доделување договори за јавни набавки.

Контактирајте не преку овој формулар