Родова еднаквост и недискриминација | ЦУП

Родова еднаквост и недискриминација

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
10-30 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со основните поими на родовата еднаквост и да ги препознаат социјалните диспаритети кои постојат во општеството, а кој се услов за родова дискриминација

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Го разберат историскиот контекст и занчење на борбата за родова рамноправност
  • Го разберат влијанието на социјалните норми во обликување на нашето однесување како мажи и жени
  • Ги препознаат овие обрасци на однесување во институциите и секојдневието
  • Ја разберат основата заради која жените се наоѓаат во понеповолна положба особено кога станува збор за поделбата на трудот и односите на моќ во општеството
  • Ќе дефинираат механизми и начини за надминување на родовите стереотипи и предрасуди

Содржина на програмата

  • Основни родови концепти и поими 
  • Социјално потекло на родовите односи
  • Основни родови концепти и поими, стереотипи, предрасуди и дискриминација - дефиниции и примери
  • Родова поделба на трудот и тројна улога на жените.
  • Препознавање на (не)еднаквата положба и вредноста и видливоста на трудот
  • Дефинирање и основни принципи на стратегиите за постигнување на родова интеграција  и недискриминација
  • Пристап до и контрола врз ресурсите
  • Односи на моќ
  • Дефинирање на моќта и препознавање на односите на моќ и родовите прашања

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk