Родово одговорно креирање политики на локално ниво | ЦУП

Родово одговорно креирање политики на локално ниво

Сподели
2 дена
8 сесии
10-30 учесници

За програмата

Главните цели на програмата беа насочени кон развивање на свест за можноста родовите концепти да се интегрираат во процесите на креирање на локални економски и други политик и притоа применувајќи различни алатки во циклусот на креирање на политики.

Родовото одговорно креирање на локални политики говори за важноста за ефективно планирање во процесот на креирање на локалните политики и вклучување на родовите аспекти во сите фази од процесот (во креирање на визија за промени, анализа темелена на докази, дефинирање на сценарија, донесување на одлуки, управување со ризици и оценка на политиките) 

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе ја разберат важноста за ефективно планирање во процесот на креирање на локалните политики и вклучување на родовите аспекти
  • Ќе ја разбере важноста од интеграција на родовите аспекти во сите фази од процесот на креирање на локалните политики
  • Ќе ги подобрат вештините за креирање на локални политики (креирање на визија за промени, анализа темелена на докази, дефинирање на сценарија, донесување на одлуки, управување со ризици и оценка на политиките) 
  • Ќе ја подобрат ефективноста во работењето преку употреба на практични алатки

Содржина на програмата

  • Основните концепти за родова еднаквост и вклучување на родовите аспекти во креирањето на локалните политики со фокус на економските политики
  • Ефективно планирање во процесот на креирање на политики и вклучување на родовите аспекти
  • Интеграција на родовите аспекти во сите фази од процесот на креирање на политики
  • Креирање на визија за промени,
  • Родова анализа темелена на докази,
  • Подготовка на стратешки акции
  • Родово одговорно буџетирање во локалните економски политики, концепт и разбирање

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар