Работилница за Висока раководна служба (Функционери) – управување и развој 2 ДЕЛ | ЦУП

Работилница за Висока раководна служба (Функционери) – управување и развој 2 ДЕЛ

Сподели
3 дена
12 сесии
24 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на оваа работилница е да се надоврзе на модулот 1 и да продолжи во поддршка на развојот и зајакнување на капацитетите на високото раководство во надоврзувајќи се на најновите согледувања и најдобрите практики во врска со нивната улога, обврски и за прашања кои се приоритетни за раководителите во јавниот сектор, давајќи можност за заедничко разгледување на начините за примена на тоа знаење во нивниот национален контекст.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе можат да:

  • Се идентификуваат и истражат личните преференции во тимот и влијанието на лидерите во работата со другите 
  • Ги подобрат интер-персонални стилови и вештини кои се неопходни за ефективна комуникација
  • Ги истражуваат пристапите во постигнување на влијание низ преговори и убедување.
  • Ги истражуваат практичните вештини за вклучување на вработените: мотивација, делегирање, придобивки од воспоставување на индивидуални цели за мерење на перформансите.
  • Ги развиваат вештините за справување со тешки луѓе и ситуации.

Содржина на програмата

  • Водство за вклучување и следење на перформансите:
  • Разгледување на улогата на лидерството во успешно предводење на промените, вклучувајќи и:
  • Опис на причините и однесувањата кој се манифестираат во отпорот кон промените и развивање на стратегии како да се справиме со нив
  • План како да ги употребиме ресурсите ефективно за да имплементираме промени и да продолжиме да испорачуваме услуги.
  • Мерење на перформансите и дефинирање на цели за мерење на перформансите
  • Практична сесија како да се справиме со тешки однесувања, ситуации и слаби перформанси
  • Разгледување на улогата на лидерството во успешно раководење со промените

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk