Во секојдневниот живот и работа луѓето постојано се наоѓаат во ситуација да присуствуваат на различни состаноци, кои завршуваат во недогледни дискусии.
Фацилитаторските вештини се суштински за работа во тим, група и организација.
Целта на обуката е стекнување на практични знаења и вештини за фацилитација, раководење со време, водење ефективни состаноци и насочување на дискусиите во правец на изнаоѓање на заеднички решенија, заклучоци и договори за полесно реализирање на плановите
На крајот на обуката учесниците:
Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени.
Ефективната комуникација е есенцијална компонента во секојдневниот живот и работа, без разлика дали станува збор за интерперсонална, интергрупна, интрагрупна, организациска или комуникација со надворешни актери.
Оваа обука ќе ги изложи учесниците на едноставни, а сепак толку важни техники во подобрување на интерперсоналните вештини.
Целта на обуката е да ги зајакне интерперсоналните комуникациски вештини, поврзани со техниките на активно слушање, давање фидбек, поставување на прашања и одговори, невербална комуникцација итн.
Истовремено обуката на учесниците ќе им овозможи да се запознаат со правилата кои го одредуваат текот на комуникацијата меѓу луѓето и да ги оспособи да ги идентификуваат, елиминираат или намалат причините кои доведуваат до пречки во комуникацијата.
Обуката има за цел да обезбеди, практични интерперсонални и комуникациски вештини за преку кој учесниците ќе се стекнат со вештини и техники за справување со ситуации и ќе остварат комуникација со поголема флексибилност, доверба, разбирање и влијание.
Со текот на обуката низ интерактивен пристап учесниците треба да станат свести за своите предности и слабости како и подобрување на нивната способност за комуникација. Ваквите вештини ќе може да ги применат и во ситуација на справување со проблеми и донесување на одлуки со што значајно може да се промени квалитетот на релациите во тимот особено во јавната администрација
Основата на новините во изведувањето на успешна презентација се базира на партиципативниот пристап и интеракцијата помеѓу оној кој презентира и слушателите. Од презентерот се очекува да ја изведе презентацијата со интересен и динамичен пристап кој ќе побуди интерес за следење и ќе ги охрабри слушателите активно да партиципираат во дискусијата која следи.
Техниките на презентација, или презентациските вештини се првиот методолошки елемент од доменот на вештини на овој курс.
Целта на оваа обука е учесниците да стекнат теоретски знаења, вештини и алатки за изведување на успешна презентација.
Целта на обуката е развивање на свеста за интерперсоналните конфликти како нераскинлив дел од меѓучовечките релации и потребата од нивно решавање и стекнување знаења и вештини за нивно ефективно надминување.
Преку обуката учесниците ќе разберат дека конфликтите се неизбежни и претставуваат нормален дел и од работното секојдневие. Обуката е чекор кој ќе им овозможи да почнат да создаваат клима за ефикасна интер-персонална комуникација и колаборативен пристап во разрешувањето на конфликти, наместо нивно избегнување или насилно разрешување.
Сите се соочуваме со преговарањето многу често. Преговараме со бизнис партнерите, со клиентите, добавувачите, колегите. Исходот од преговарањето зависи целосно од разбирањето на процесот на преговарање и комуникациските вештини.
Целта на оваа обука е да ги развие преговарачките способности, да ги охрабри учесниците за да го подобрат сопствениот пристап и да постигнат максимални резултати во преговарањето.
Градењето на тимови и тимското водство или лидерските вештини ги истражуваат начините како да ги подобриме основните процеси и алатки за да се здобиеме со посветеност во групата, да ја зголемиме довербата и соработката, да ги зајакнеме луѓето и да креираме синергија во извршувањето на задачите.
Целта на програмата е да се унапредат и прошират знаењата и вештините за начините на градење на успешни тимови и улогата на тимскиот лидер како едно од клучните прашања во градењето кохезивна политика од која зависи ефикасноста и ефективноста на компанијата/групата
Обуката има за цел да ја засили свеста за важноста на организациската култура како еден од факторите кои придонесува за успехот или неуспехот на организацијата.
Начинот на кој организацијата ги спроведува активностите; се однесува кон вработените, граѓаните и партнерите; ги споделува идеите, потикнува на иновативност итн. говори за организациската култура. Во текот на обуката овие елементи се согледуваат низ призма на неколу модели и истражување спроведени ширум Европа.
Целите на обуката се насочени кон разбирање на различностите - имање поинакови гледишта, идеи, вредности и однесувања, како почетна точка за придвижување кон заеднички интерес. Преку интеракцијата на различностите возможно е да се достигнат нови решенија и да се изнајдат нови принципи за дејствување во подобрување на политиките и стратегиите во работата на јавната администрација. Тие се базираат на рамноправност, достоинството и на еднакви права.
Целта на програмата е насочена кон стекнување на знаења, вештини и алатки за развивање и спроведување на ефективни партиципативни и сеопфатни програми за обука, а е наменета за идни обучувачи.
Професионалното знаење за методите на партиципативна обука, презентациски и фацилитаторски техники и стручност во изработка на програми за обука ќе им овозможат на учесниците солидна основа да отпочнат да работат како тренери и/или подобрување на перформансите на оние кои веќе имале искуство во испорака на обука.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за тоа како подобро да ги управуваат финансиите во своите ГО и да обезбедат поголема транспарентност во користење на средствата на донаторите и сопствените средства.
За добивање на ЕУ поддршка за вашите проектни идеи, неопходно е да се подготви апликација која на донаторот јасно ќе му пренесе зошто сакате да го спроведете проектот, што ќе постигнете со него и како ќе го реализирате. Европската унија има пропишано стриктни обрасци кои треба да се пополнат и поднесат со проектните апликации, кои се јавни и генерално усвоени, но и се разликуваат за секој посебен повик. Честопати успехот на апликациите не зависи од подобноста на идеите, ниту од нивната важност за општеството, туку повеќе од начинот на нивно презентирање, односно содржината на проектните апликации.
Обуката се фокусира на два типа на проекти – сервиси (проекти кои обезбедуваат консултатски услуги, градење капацитети, поддршка во работата) и грантови (целосна поддршка за реализација на помал проект), кои се поддржани преку ИПА програмите за Северна Македонија.
Програмата е наменета за претставниците на институциите кои се задолжени да ја планираат помошта согласно дефинираните сектори од страна на ЕУ. Секторското програмирање за заснова на премисата дека државата има дефинирани сеопфатни секторски стратегии, но реалноста е дека во повеќето сектори има сегментирани стратегии, па оттука е неопходно заедничко планирање и приоритизирање.
Дополнително, при програмирањето државата мора да користи обрасци и документи воспоставени од Европската комисија, па и нивното користење може да биде предизвик.
Обуката има за цел да обезбеди подетални и практични насоки за процесот на скрининг за предничени поглавја, со нивна суштинска анализа и со насоки за градење на позиции.
Предуслов за следење на оваа обука е претходно следење на обуката „Процес на преговори за членство во ЕУ“.
Програмата претставува основна обука за развој на бизнис планови за микро, мали и средни претпријатија
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за основите на бизнис планирањето и како да го применат при започнување на сопствен бизнис или подобрување и зајакнување на постоечкиот бизнис.
Целта на обуката е стекнување на практични знаења и вештини за мониторинг и евалуација на ЕУ проекти, на употребата на овие процеси во текот на спроведување на проектите, практична примена на алатките и документите кои се користат за мониторинг и евалуација и јакнење на аналитичките вештини за оценување на постигнувањата на проектите. Различните типови на проекти користат различни методи на мониторинг и евалуација, но суштината и логиката за оценување на реализацијата на активностите, постигнувањето на резултатите и општествените промени се заеднички за сите нив.
Програмата претставува основна обука за различни алатки и постапки кои се користат за прибирање на податоци со намера истите да ги анализираат, да ги отстранат девијациите кои се јавуваат, за понатака истите да ги искористат во анализата и да дојдат до заклучок за промените кои се јавуваат со текот на времето. Организациите, резултатите од анализите ги користат за постигнување на позитивни промени во општеството во кое тие функционираат. Целта на обуката е да ги објасни предностите од примената на статистичката анализа преку различни видови на програми и како истите можат да бидат искористени за да се анализира одредена појава која е во домен на нивната област на работа и функционирање.
Обуката има за цел да ја подигне свеста за важноста на истражувањата, податоците и доказите за аргументирана дискусија и застапување пред носителите на одлуки. Обуката е пред се наменета за истражувачи од академскиот и граѓанскиот сектор, кои собираат податоци, анализираат, имаат структурирани наоди и заклучоци, а им недостасува последната алка на застапување на аргументите пред институциите.
Оваа програма е структурирана врз основа на Сетот на алатки за застапување подготвен од ЦУП, кои се насочени на застапување пред извршните и законодавните органи, како и пред партиите кои претендираат да учествуваат во работата на овие институции. Алатките се практично применливи за повеќето јавни политики.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со основните поими на родовата еднаквост и да ги препознаат социјалните диспаритети кои постојат во општеството, а кој се услов за родова дискриминација
Програмата претставува основна обука за отворени податоци, наменета за лица кои не се запознаени длабински со концептот на отворени податоци и кои не мора да имаат технички познавања од оваа област.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за причините и придобивките од објавување отворени податоци, како и со основни вештини и техники како може да ги користат отворените податоци за изработка на визуелизации и истражувања.
Главните цели на програмата беа насочени кон развивање на свест за можноста родовите концепти да се интегрираат во процесите на креирање на локални економски и други политик и притоа применувајќи различни алатки во циклусот на креирање на политики.
Родовото одговорно креирање на локални политики говори за важноста за ефективно планирање во процесот на креирање на локалните политики и вклучување на родовите аспекти во сите фази од процесот (во креирање на визија за промени, анализа темелена на докази, дефинирање на сценарија, донесување на одлуки, управување со ризици и оценка на политиките)
Буџетското партиципирање се користи со намера да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари. Исто така, процесот овозможува олеснување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво во насока на подобрување на локалната одговорност, квалитетот на локалните услуги и квалитетот на животот.
Целта на обуката е да се унапредат и прошират знаењата и вештините за вработените во локалните општини за предностите на буџетското партиципирање кои на овој начин ќе се здобијат со можноста да одговорат на потребите и барањата на граѓаните како и да го зголемат својот рејтинг во поглед на транспарентноста и оттчетноста и во едно да креираат буџет кој ќе биде наменет за потребите и согласно барањата на сите засегнати страни кои функционираат на територијата на нивната општина. Од друга страна, обуката ќе ја зголеми свеста кај граѓаните за тоа како општината работи и ги гради своите буџети и како се трошат јавните пари. Во едно им ја дава можноста на граѓаните да го дадат својот придонес и да се вклучат во процесот на буџетското партиципирање и со тоа индиректно да влијаат на зголемување на квалитетот на нивниот живот.
Програмата има за цел да ги зајакне вештините за подготовка на документи за политики на сите истражувачи. Ова се специфични документи кои не се исто што и опсежните истражувања и анализи кои стручњаците ги спроведуваат, туку се покуси прикази на наодите и заклучоците од спроведените истражувања, со најголем акцент на препораките за измени на политиките. Обуката ќе им помогне на учесниците преку практична работа да ги поминат чекорите на подготовка на документи за политики, односно практично ќе ги води низ процесот кој се стреми да резултира со промена на политиките според изложените аргументи.
Целта на програмата е да се стекнат технички вештини за изработка на различни типови визуелизации од податоци, користејќи софтверски алатки.
Програмата претставува основна обука за придобивките од Стратешкото планирање и начини на донесување на стратешки одлуки. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.
Целта на програмата e подобрување на знаењето за стратешко управување и успешно спроведување на стратешките цели, воведување на принципите на стратешко планирање и реорганизација на деловните процеси, имплементирање на модел за ефикасно пристапување кон спроведување на стратегијата
Целта на обуката е разбирање и практицирање на стратешкото планирање како една од клучните компентенции на раководствата на институтциите, кои се очекува да ги поседуваат. Стратегијата како алатка го определува правецот во кој организацијата/институцијата ќе се движи и ја воспставува визијата за промените
Учесниците за време на обуката се стекнуваат со практични вештини како да подготоват стратешки план согласно владините приоритети, низ ефективно водство, поефикасно оператино планирање и искористување на ресурсите и потенцијалот со кои располагаат.
Целта на програмата е учесниците да се запознаат со рамката на општите работни компетенции, кои се предностите при управување со систем заснован на компетенции и начинот на нивно идентификување и надградување кај вработените.
Заедничка рамка за проценка (Common Assessment Framework - CAF) претставува модел за целосно управување со квалитет во организациите од јавниот сектор, развиен од Европскиот институт за јавна администрација. Програмата е наменета за лица кои имаат искуство во спроведувањето на CAF моделот и кои можат да поддржат други институции во спроведувањето на CAF моделот.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со напредни познавања за CAF моделот, вклучувајќи и вештини за спроведување на обуки, со цел да бидат подготвени самостојно да спроведуваат обуки за воведување на CAF моделот.
Програмата претставува основна обука за придобивките и методите на имплементација на клучните индикатори на перформанси. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.
Целта на програмата е воведување на перформансите и ефективноста на процесите во организацијата, утврдување на степенот до кој се исполнети планираните барања и потреби на корисниците на процесите, утврдување методи на одржување, следење и преиспитување на клучните индикатор перформанси.
Програмата е наменета за потребите на граѓанските организации со цел истите да се здобијат со потребното знаење и алатки кои ќе им послужат на најефикасен можен начин да ги приберат потребните податоци, да направат нивна селекција и врз основа на нив и соодветна анализа за проценка на микро и макро окружувањето во земјата во која што истите функционираат. Микро-окружувањето како анализа на внатрешните фактори и макро окружувањето со надворешните фактори кои ги опкружуваат, создава клима соодветна за правилно функционирање на ГО кои доколку ја познаваат ќе умеат правилно да ги насочат своите ресурси. Целта на обуката е да се унапредат и прошират знаењата и вештините на лицата кои се наоѓаат во управните одбори на граѓанските организации со цел истите да можат да направат проценка на климата во земјата во насока на правилно користење и насочување на ресурсите со кои тие располагаат. Анализата истите ја прават со поддршка на останатите сектори во рамки на нивната организација кои треба да бидат обучени да им ги обезбедат потребните податоци кои ќе бидат веродостојни и точни и на кои истите ќе можат да се потпрат со цел да донесат одлуки кои ќе водат кон раст и развој на организацијата.
Целта на програмата е учесниците да се запознаат со потенцијалните придобивки од подобра регулатива и предностите со изработка на проценка на влијание на регулативата.
Програмата претставува основна обука за придобивките од Стратешкото управување со ризиците и мерки за надминување на овие ризици. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.
Целта на програмата Подобрување на знаењето за стратешко управување со ризиците и извори на ризици. Мерливост, методи и принципи на управување со ризици. Утврдување на мерки за ублажување на ризиците, преглед, имплементација и евалуација на плановите за управување со ризиците.
Целта на програмата Стратешко лидерство и вештини за креирање на политики е да се подобрат знаењето и вештините на вработените за стратешко лидерство и да се развијат вештини во администрацијата за креирање на политики
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со практични познавања за ИСО 9001 системот за управување со квалитет, начинот на негово воспоставување, начинот на сертификација по истиот и генерално за придобивките од системот.
Заедничка рамка за проценка (Common Assessment Framework - CAF) претставува модел за целосно управување со квалитет во организациите од јавниот сектор, развиен од Европскиот институт за јавна администрација. Програмата е наменета за претставници на државни институции кои ќе работат на имплементацијата на ЦАФ моделот и кои ќе го спроведуваат процесот на самопроценка.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со напредни познавања за CAF моделот и да бидат подготвени да го спроведат процесот на самопроценка и приоритизација на мерки утврден во моделот.
Квалитетна организација знае какви се перцепциите на нејзините корисници / клиенти и нивните очекувања за квалитетот на услугите кои се обезбедуваат. Основа на мерење на перцепциите и очекувањата на корисниците / клиентите е спроведување анкети.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со теоретско познавање за најдобриот пристап во реализација на различни типови на анкети, како и практични вештини за спроведување и анализа на резултатите на анкетите.
Најдрагоцениот ресурс во една организација/институција се луѓето. Поаѓајки од оваа, начинот на кој се раковди човечкиот потенцијал е е основно прашање од кое зависи ефикасноста и ефективноста на компанијата.
Целта на обуката за раководење со човечки ресурси е да овозможи стекнување на знаења за системот, процесите и алатките за управување со луѓе. Обуката истовремено ќе овозможи зајакнување на интерперсоналните вештини за ефективно управување со човечките ресурси и ќе обезбеди алатки за обезбедување, развој, активирање и одржување на човечките ресурси во вашата организација/институција/компанија.
Сеопфатниот процес на пристапување кон ЕУ бара активна вклученост на сите граѓани на државата. Иако институциите се тие кои ги спроведуваат реформите и го менуваат законодавството, некои аспекти од животот на сите граѓани ќе бидат изменети поради промените во сите сфери како последица на пристапниот процес. Оттука сите граѓани треба да имаат основно познавање за тоа што претставува Европската Унија и како работи. Оваа обука ќе им овозможи на учесниците да ги препознаваат институциите на ЕУ, да ја разберат на основно ниво нивната поставеност и надлежностите, како и да им се разјасни односот меѓу ЕУ и земјите членки и односот кон РСМ во процесот на пристапување.
Целта на програмата е различни целни групи во општеството да се запознаат со работата и надлежностите на ЕУ, односно програмата се адаптира според најрелевантните аспекти за целната група. Еднакво, запознавањето со политиките на ЕУ ќе се осврне во повеќе детали токму на политиките кои се од најголем интерес на целната група.
Целта на програмата е поттикнување на разбирање за важноста од вклучување на родовата еднаквост во процесите на креирање, следење, и оценка на јавните политики, проследени со соодветни буџетски импликации.
Обуката ја посочува важноста, но и дава практични знаења како родовите аспекти да станат интегрален дел од сите овие процеси и со тоа да се стави крај на нееднаквоста, притоа земјаќи ги во предвид различните приоритети на мажите и жените.
Овој пристап е модел на суштинска рамоправност кокј не е засегнат само од подеднакви можности туку од правичност на резултатите во имплементацијата на државните политики.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за тоа како подобро да ги управуваат и менаџираат буџетите на проектите кои се финансирани од страна на ЕУ. Кои се нивните правила и специфичности, начин на кофинансирање и процес на набавки според нивните правила.
Обуката има за цел да обезбеди практични насоки и совети за успешна реализација на два типа на проекти – сервиси (проекти кои обезбедуваат консултантски услуги, градење капацитети, поддршка во работата) и грантови (целосна поддршка за реализација на помал проект), кои се поддржани преку ИПА програмите за Северна Македонија. За успешно спроведување на проектите согласно правилата ПРАГ и посебните барања на програмите, потребно е специфично знаење постапките кои треба да се следат, правилата на финансиско управување, обезбедување документација, докази и ревизорска трага, специфична комуникација со корисниците, целните групи и донаторот.
Обуката обезбедува преглед на најважните аспекти на документите и процедурите кои треба да се користат преку нивна практична примена за време на обуката.
Програмата претставува напредна обука за отворени податоци, наменета за стекнување напредни вештини за лица со технички познавања за концептот на отворени податоци, особено за назначените офицери за отворени податоци и ИТ лица од државните институции.
Целта на програмата е да се унапредат техничките вештини за идентификување, попишување, приоритизирање и објавување на податочни сетови на порталот data.gov.mk.
ИПА средствата, наменети за поддршка на реформите во РСМ, најчесто се управуваат според правилата на ЕУ за управување со помошта наменета надвор од границите на ЕУ. Тие правила се во суштина правилата за јавни набавки, односно спроведување набавки финансирани од јавни финансии. ПРАГ (водич од ЕК) дава детални насоки и пропишани обрасци кои се следат, но тие имаат логичен след и оправданост за процедурите.
Во реалноста ПРАГ делува обесхрабрувачки за корисниците, но со соодветна насока овие правила се разбирливи како и националните правила за јавни набавки. Токму целта на обуката е да ги охрабри јавните и приватните организации да ги користат ИПА средствата, односно да се подготват да ги следат пропишаните правила и процедури.
Со цел да се комплементираат резултатите од испитувањето на мислењето на корисниците преку спроведени анкети, организациите може да спроведат самостојно истражување „таен клиент“, преку кое обучени претставници нотираат наоди од искуството во добивањето услуга. На тој начин се добива пообјективни и пошироки информации за целокупниот процес на нудењето услуги.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со теоретско и практично познавање за процесот на имплементација на истражувањето „таен клиент“ и анализа на резултатите од спроведеното истражување.
Целта на оваа работилница е да се поддржи развојот и да се зајакнат капацитетите на највисокото раководство во јавната администрација, надоврзувајќи се на најновите согледувања и најдобрите практики во врска со нивната улога, обврски и за прашања кои се приоритетни за раководителите во јавниот сектор.
Целта на оваа работилница е да се надоврзе на модулот 1 и да продолжи во поддршка на развојот и зајакнување на капацитетите на високото раководство во надоврзувајќи се на најновите согледувања и најдобрите практики во врска со нивната улога, обврски и за прашања кои се приоритетни за раководителите во јавниот сектор, давајќи можност за заедничко разгледување на начините за примена на тоа знаење во нивниот национален контекст.
Целта на обуката е насочена кон дефинирање на идеи и хиоптези релевантни за унапредување на родовата еднаквост во рамките на предметот на анализа.
Во рамките на обуката фокусот е ставен на одредени параметри кој доколку истражувањето ги земе предвид, разликите помеѓу мажите и жените во резултатите ќе бидат репрезентативни.
Раководењето со проекти е комплексно заради различните интервенции кои може да бидат превземени и големиот број на вклучени страни. Тоа е комбинација на пристапи, употреба на различни инструменти и вклопување на овие пристапи и инструменти во административни системи и процедури на вклучените организации.
Пристапот на обуката се фокусира на три клучни области: креирање на заедничко разбирање на процесот, концептите и критериумите за одлучување; поттикнување на чувството на сопственост и посветеност со адекватно вклучување на сите засегнати страни (stakeholders), и подобрување на капацитетите за учење на актерите вклучени во интервенцијата.
Европската унија конечно после 15 години кандидатски статус за членство во ЕУ одучи да и отпочне преговорите за членство.Членството во Европската унија не е процес кој ја засегнува само јавната администрација, туку и граѓанското општество, академијата, компаниите, индустријата, учесниците, студентите, сите граѓани.Ова е процес кој треба да се води низ една широка вклученост на сите чинители и отворено и транспарентно за јавноста.Целта на оваа обука е учениците да се запознаат одблиску со самиот процес на водење на преговорите со ЕУ.
Целта на програмата е учесниците да можат да изработуваат стандарди на испорака на услуги, со цел точно информирање на корисниците на услугите и дефинирање заложби на институцијата за нивото на квалитет на обезбедените услуги.
Успехот на една организација/институција/компанија е директно поврзан со способноста на нејзините менаџери да го поттикнат најдоброто во секој вработен, да извлечат максимум од тимот како целина, навреме да ги согледаат заканите во опкружувањето и да применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени.
Целта на програмата е да го зголеми разбирањето на учесниците за улогата на раководителот и неговите вештини, да ја подобри способноста на раководителите за мотивирање и развој на членовите на тимот, да ја подобри нивната самосвесност, самодоверба и менаџмент вештини и да ги оспособи да користат менаџмент алатки и техники за донесување одлуки и градење на ефективен тим.
Ефективната обработка на податоци може да даде огромен придонес во носењето одлуки, анализа на политики и мерки, изработка на истражувања итн. Модерните софтверски алатки овозможуваат поедноставено креирање и обработка на податочни сетови. Учесниците на обуката ќе имаат практична работа на компјутер за да можат да се стекнат со технички вештини за креирање и обработка на податочни сетови.
Целта на програмата е да се стекнат вештини за изработка на податочни сетови врз основа на прибрани информации и податоци, и техники за различни модели на обработка на податоците со користење на Microsoft Excel.
Целта на програмата е учесниците да можат да спроведат истражување на нивото на задоволството на вработените во организацијата, преку примена на меѓународни модели прилагодени на контекстот на работа на организациите.
ИСО 9001 стандардот е најупотребуван стандард за управување со квалитет во организациите и од приватниот и од јавниот сектор. Оваа програма е наменета за лица кои се назначени за воведување на ИСО 9001 во организацијата и кои ќе бидат одговорни за одржување на системот.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со напредни теоретски и практични познавања за целосна имплементација на ИСО 9001: 2015 стандардот во организацијата.
Целта на обуката е да им го добилижи на учесниците процесот на ех-анте оцека на влијанието на политиките и регулативите кои го обликуваат животот на луѓето од родов аспект.
Политиките и регулативите кој навидум се чини дека се неутрални можат да имаат различно влијание на мажите и жените. Ваквите разлики можат да придонесат кон продлабочување на нееднаквостите наместо нивно надминување
Обуката се темели на постојниот процес и примена на Проценка на влијанието на регулативите (ПВР) во процесите на креирање, следење и оценка на политиките, но овој пат фокусот е на родовите прашања.
По завршувањето на обуката учесниците ќе можат успешно да ги практикуваат клучните техники на ПВР процесот и да ги оценуваат родовите аспекти во овие процеси.
За да добие Република Северна Макеоднија полноправно членство во ЕУ еден од предусловите е целосна усогласеност со европксото зкаонодватво. Оваа обука нуди практични совети за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, релевнатите чинители во процесот и нционалната рамка за следење – НПАА.
Целта на програмата е учесниците да ја разберат Функционалната анализа како процес за добивање на реална и целосна слика на подготвеноста на институцијата на краток и среден рок да ги спроведе неопходните подобрувања за подобро вршење на нејзините основни функции. ФА треба да даде осврт на ефикасноста и ефективноста на извршувањето на работата и работните задачи во рамки на внатрешната поставеност, како и за дистрибуција на расположливите ресурси.
Заедничка рамка за проценка (Common Assessment Framework - CAF) претставува модел за целосно управување со квалитет во организациите од јавниот сектор, развиен од Европскиот институт за јавна администрација. Програмата е наменета за претставници на државни институции кои имаат интерес да се запознаат со моделот и процесот на негова имплементација.
Целта на програмата е учесниците да се запознаат со CAF моделот, начинот на неговата имплементација во институциите и придобивките од неговото воведување.
Обуката е наменета за граѓанските организации кои се основаат и работат според посебен Закон за здруженија и фондации и како непрофитна форма на организации настапуваат во правниот промет. Иако истите се непрофитни организации сепак истите подложат на оданочување на приходите кои ги исплатуваат со одредена категорија на даноци. Целта на обуката е да претставува водич за правилно и одговорно финансиско работење пред надлежните институции особено пред УЈП која е одговорна за контрола на исплата на даноците од страна на правните и физичките лица во РСМ. Обуката е наменета да им го зголеми знаењето на лицата кои работат финансии во ГО како и на сите сметководствени бироа кои се задолжени за изработка на финансиските извештаи на ГО како и за контрола на финансиското работење на истите.
Програмата претставува основна обука за придобивките од имплементација на Шест сигма стандардот. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.
Целта на програмата Стекнување на потребното знаење за дизајнирање и примена на статистичката техника Шест Сигма. Утврдување на кои и какви податоци се потребни за воспоставување на статистичката техника Шест Сигма. Добивање сознанија за потребната документација за воведување на успешна Шест Сигма.
Целта на програмата е учесниците да ги препознаваат стандардите за управување со човечки ресурси како збир на добри практики произлезени од раководење со најдрагоцениот капитал со кој располагаат организациите – луѓето и нивниот потенцијал.
Организацијата на институциите во јавниот сектор би требало да се заснова на функциите кои тие ги извршуваат согласно законските надлежности. Заради преиспитување на поставеноста на институциите и нивната внатрешна организација, ЦУП во соработка со МИОА подготви Методологија за функционална анализа, која се заснова на препознавањето на функциите. Ова се покажа и како најголем предизвик за сите институции, поради што е неопходно да се разјаснат карактеристиките на функциите и како и каде тие би требало да се реализираат. Препознавањето на функциите е основа и за идентификување на професиите кои се клучни за институциите, концентрацијата на расположливите ресурси, но и за воспоставување соодветни односи со другите институции заради поставување соодветни линии на отчетност.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со основни познавања за различните системи и алатки за управување со квалитет и да ги препознаат придобивките од воведувањето на истите за организациите.
ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија
Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk
Copyright© Центар за управување со промени